Женски исповеди: Зошто го одбивам партнерот за секс?
За повеќето љубовни парови, жарта во спалната соба претставува клучна за одржувањето среќна врска, или, пак, брак. Од друга страна, мноштво припаднички на понежниот пол избегнуваат да бидат интимни со дечковците и сопрузите. Кои се нивните мотиви?
Одговорот го даде апликацијата „Whisper“, каде многумина се исповедаат и за најмрачните тајни од животот. Жените си ја отворија душата, искрено говорејќи за причините заради кои не им е пријатно, се плашат, или, пак, едноставно немаат волја да имаат односи со мажите.
Едни веќе не чувствуваат првилечност и возбуда кон моменталниот дечко или сопруг како порано. На другите им е одбивно како тој се однесува во кревет. Трети се несигурни во врска со сопственото тело или снаодливоста помеѓу чаршафите.
Еве зошто жените го одбиваат партнерот за секс:
„Го мразам сексот со своето момче. Чувствувам дека нема хемија меѓу нас и цело време мечтае за други жени.“
„Избегнувам да имам секс со сопругот, бидејќи ми е страв дека пак ќе останам бремена.“
„Дечко ми е себичен за време на сексот. Затоа и не му давам повеќе!“
„Мислам дека сум лоша во кревет. Смислувам изговори кога ќе видам дека се движиме во тој правец. Би сакала да бев посамоуверена.“
„Го избегнувам сексот, бидејќи се плашам да кажам што сакам во кревет.“
„Предизвикувам расправии за да не бидам интимна со него. Навистина ми е непријатно и многу го сакам. Меѓутоа – постојано сум уморна.“
„Не ми се допаѓа како изгледам кога сум гола.“
„Дечко ми е груб во кревет. Не на добар начин. Се обидов да му кажам, но тој не сфаќа. Не знам што да направам.“
„Го одбивам сопругот за секс, затоа што сакам развод.“
„Тешко ми е да доживеам оргазам. Воопшто не уживам со мажот во кревет.“
„Понекогаш го избегнувам сексот, бидејќи ме мрзи да си ги избричам нозете.“
„Мојот дечко е мил и фин, ама не ме возбудува повеќе.“
„Сопругот лошо се однесува кон мене. Затоа и го одбивам за секс.“
„Не спијам со партнерот, бидејќи сексуално ме привлекува друг маж. Го немам изневерено, но размислувам за тоа.“
„Се здебелив. Тој ми тврди дека сѐ уште сум прекрасна. Сепак – ме ужаснува фацата што ја прави кога мисли дека не го гледам.“
„Го избегнувам сексот со дечкото, затоа што повеќе се палам на девојки.“
М. A. | Црнобело