Јасни сигнали дека вашиот партнер е прикриен психопат
Да се препознае злоупотребувач не е лесно, бидејќи тие умеат да го скријат своето вистинско лице.
Најчесто глумат дека се совршена, чесна и великодушна личност, таква каква другите цел живот бараат. Се однесуваат љубезно, го задржуваат вашето внимание, а вие не сте ни свесни дека може да ви го уништат животот.
Следете ги следниве знаци и обидете се навреме да ја разоткриете ваквата личност, за да спречите поголема штета:
1. Пребрзо влегува во врска
Иако прво на памет ви паѓа љубов на прв поглед, внимавајте дали таа личност ве форсира на влегување во врска. Овие личности сакаат по секоја цена да имаат некој покрај себе, бидејќи им е потребна жртва за нивните хирови и подли замисли.
2. Има променливо расположение
Иако во најголем дел од времето оваа личност е расположена и добро си поминувате, ако се налути се претвора во нешто друго, нешто страшно. Тие ја губат самоконтролата, повишуваат тон, навредуваат, а може и да бидат агресивни. Најпаметно е вие да ја задржите ладната глава и полека да се повлекувате од овој однос.
3. За сè се виновни поранешните партнери
Во почетокот на врската ќе ги крие деталите за претходните врски, а кога еднаш ќе прозбори, за сè што се случило ќе ја обвинува другата страна. Би му поверувале првите два или три пати, но потоа ќе ви стане сомнително, а веќе ќе бидете влезени во нивната мрежа.
4. Имате претчувство дека глуми
Сакаат да играат улоги и одлично умеат да се преправаат. Ако нешто ви е чудно или чувствувате дека партнерот глуми, верувајте ѝ на својата интуиција.
Е. Д. | Црнобело