6 совети за „преживување“ на вљубувањето во зафатена личност

Вљубувањето е интересно само кога личноста која ви се допаѓа е слободна. Но, доколку се работи за некој кој веќе е во врска, тоа воопшто не е забавно.

6-soveti-za-prezhivuvanje-na-vljubuvanjeto-vo-zafatena-lichnost-01.jpg

Ваквото вљубување може да ви се случи и кога сте сингл, но и кога веќе сте во врска. Според некои, ваквиот однос може да биде еднакво болен како и прекинување на долга врска.

Затоа, прочитајте ги следниве совети, пред да се впуштите во нешто на кое не сте подготвени и од кое ќе излезете повредени.

Избегнување на непотребни интеракции

Можеби се вљубивте во личност која ја гледате секој ден и неизбежно морате да комуницирате. Во ваква ситуација морате да се исконтролирате и правилно да ги дозирате интеракциите.

Немојте нагло да станете ладни кон оваа личност, но не развивајте ниту пријателски однос, кога знаете дека во себе чувате нешто сосема друго.

Ограничете го шпионирањето на социјалните мрежи

Иако можеби еден ден ќе дочекате да видите дека врската прекинала, додека тоа да се случи може да си предизвикате тага и безнадежност. Воопшто не е пријатно да гледате фотографии од заедничкиот одмор или од семејни средби каде е присутен и партнерот на лицето кое ви се допаѓа.

Ова не значи дека треба да ги избришете и блокирате од вашите профили. Едноставно, искористете ги опциите „unfollow“, „mute“ и „hide“.

Посветете се на други активности

Не е исклучена можноста и вие да ѝ се допаѓате на таа личност, но многу е веројатно дека ќе остане во врската во која се наоѓа, бидејќи таму ѝ/му е побезбедно.

За да го надминете ова, започнете со некоја активност која ќе ги одвлече вашите мисли, како вежбање, дружење или состанок со некоја друга личност која едвај чека да ѝ дадете шанса да се запознаете.

6-soveti-za-prezhivuvanje-na-vljubuvanjeto-vo-zafatena-lichnost-02.jpg

Не обвинувајте го нивниот партнер

Таа личност не е воопшто виновна што сте развиле чувства и што евентуално ви се возвратени. Партнерот на личноста која ви се допаѓа не е лошата вештерка од приказните и не обидувајте се пред другите да го претставувате како таков.

Всушност, во оваа ситуација воопшто не е важно каква е таа личност. Најдобро што можете е да се повлечете и да си помогнете да ги надминете чувствата пред да прераснат во нешто поголемо и да излезат од контрола.

Не дозволувајте да бидете втората виолина

Ако постојат обострани чувства, дури и кога едниот веќе е во врска, постојат и големи шанси за афера и неверство. Во ваква ситуација бидете подготвени на тоа дека секогаш ќе бидете втората виолина.

Реалниот партнер секогаш ќе биде приоритет кога се во прашање излегувања, прослава на празници и заеднички одмори. А и навистина не заслужувате да бидете со некој кој веќе изневерува.

Поставете силни кочници, во вистинска смисла на зборот

Иако ви се допаѓа кога таа личност ви приоѓа, разговара со вас и е навистина фина. Но, дури и платонска прегратка или најобичен бакнеж при поздравување може да направат бура во вашите емоции. Затоа, во краен случај, поставете си физички ограничувања и држете се до нив. Во вакви ситуации, дистанцата е најдоброто нешто кое можете да го направите.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg