5 проблеми што може да се појават кога се гледате со помладо момче
Кога е љубовта во прашање, годините речиси и да не се важни. Има многу примери за успешни врски кога девојката е 4, 7 или 10 години постара, но има и примери за токму спротивното.
Ако сте жена која е веќе професионално изградена, со богат вокабулар и која обожава да чита книги и има свое мислење за светската и домашната политика, тогаш неговиот младешки шарм може брзо да исчезне.
Што останува потоа?
Тој, едноставно, е премлад
Големи се шансите дека не помислил на сериозна врска или брак многу одамна, но и дека навечер би гледал комедија, наместо некој филм со повеќе содржина. Иако ваквата врска може да биде навистина забавна, никогаш не се залетувајте со планови и надежи.
Сè уште му е интересно пиењето за викенд
Иако вие можеби престанавте со тоа одамна, постојат шанси него уште да му е интересно да пие големи количини евтин алкохол. А и сигурно не би сакале викендите да ви поминуваат извлекувајќи го откај другарите и правејќи му кафе следниот ден. Од друга страна, повеќе ќе ви одговара некој кој како и вие, знае да ужива во чаша добро вино, без да ја пие на екс.
Сè му е интересно и сака сè да проба
Младите момци ги интересира забавата и испробувањето нови нешта и припитомувањето може да ви оди доста тешко. Возрасните и зрели мажи веќе одамна ја имаат надминато потребата да се докажуваат пред вас и пред другите колку се фраери, бидејќи ја научиле лекцијата на вистинското фраерство.
Сака секс цело време
Ова и не е толку лошо, но ако имате секојдневни обврски, тогаш не секогаш можете да ги задоволите неговите апетити. Во раните 20-ти години, тие ќе го искористат секој миг за малку да се забавуваат со вас, без да разберат дека имате обврски кои ве исцрпуваат и дека ви треба вистински да одморите по работа.
Ќе се почувствувате како спонзор во даден момент
Ако сте во врска со студент или некој кој само што почнал да работи, не можете да очекувате финансиска стабилност како вашата. Можеби до одреден момент нема да ви пречи да ги платите кафињата или ручекот, но по некое време сметките треба да дојдат до изедначување. Секако, ова не значи дека сте материјалисти, но не треба ни да го издржувате вашето помладо момче.
Секако, не заборавајте дека овие проблеми потекнуваат од генерализациите и општите верувања и предрасуди. Некогаш може да се случи да ја пронајдете вистинската љубов токму со партнер кој е неколку години помлад од вас.
Е. Д. | Црнобело