10 прашања кои треба да си ги поставите за да знаете дали врската треба да премине на ново ниво

Има одредени прашања кои треба да се постават на првите состаноци со потенцијалниот партнер со цел да дознаете со каков човек си имате работа.

10-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-za-da-znaete-dali-vrskata-treba-da-premine-na-novo-nivo-01.jpg

Но, секако, тоа се површни прашања за запознавање, бидејќи не треба да се претера со сериозноста уште од почетокот.

А, кога веќе сте во врска и гледате дека работите водат кон посериозно, време е за уште неколку прашања со цел да знаете дали вреди да се води врската на ново ниво или треба да ставите крај додека е време.

Ново истражување спроведено од адвокат за разводи, во кое учество земале познати случаи на разводи, 53 парови, 10 адвокати за семејни односи, медијатори и двајца судии, открива листа на прашања кои треба да ги поставите пред да станат работите сериозни.

Тие ги откриле 4-те главни причини за неуспех на врските, а тие се – некомпатибилност, нереални очекувања, неможност да се справат со проблемите на врската и неуспех во негување на врската, односно малку вложување труд.

Според резултатите, тие ги составиле овие 10 прашања кои треба да ги размислите како тест пред да го направите следниот чекор:

1. Дали си одговарам со партнерот?

2. Дали имаме силна основа за пријателство?

3. Дали ги сакаме истите работи во врската и животот?

4. Дали нашите очекувања се реалистични?

5. Дали вообичаено го гледаме најдоброто еден во друг?

6. Дали двајцата се трудиме да ја одржиме врската на ниво и да не западне во монотонија?

7. Дали двајцата се чувствуваме слободно да дискутираме на различни теми за нас?

8. Дали двајцата сме посветени да ги издржиме тешките периоди?

9. Кога ќе се соочиме со стресни околности, дали ќе успееме да се извлече,е?

10. Дали имаме кој да нè поддржи?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg