„Готова сум за минута!“ - Женски реченици кои се најголем кошмар за мажите

Мажите можеби очекуваат жените отворено да им кажуваат што сакаат, но припадничките на понежниот пол сметаат дека не треба сè да им цртаат. Додека мажите буквално го разбираат она што им е кажано, жените имаат доста пософистициран начин на читање меѓу редови.

gotova-sum-za-minuta-zenski-recenici-koi-se-najgolem-koshmar-za-mazite-001.jpg

За на сите животот да им биде поедноставен, треба јасно да се кажува она што навистина се мисли.

Само во тој случај нема да доаѓа до непријатни недоразбирања и недоречености, без разлика кој зборувал, а кој требало да слуша.

Но, да тргнеме од тоа дека девојките се оние кои зборуваат „во загатки“, а мажите сакаат јасна и точна мисла, без да треба да ја одгатнуваат скриената смисла.

Во таков случај, тие никогаш не сакаат да ги чујат овие реченици:

„Навистина немам што да облечам“ - во ситуации всушност имате, но тоа веќе не сакате да го носите, односно кога ви се одина шопинг за да купите некое ново парче облека.

„Па, и не сум многу гладна“ - кога всушност сте гладни, но внимавате на вашата линија.

„Сакам да поминувам време со твојата мајка“ - можеби да, но во ограничени количини.

„Пушти, јас ќе го направам тоа“ - кога веќе сте лути, бидејќи сто пати сте побарале да ви помогнат. Едноставно, отворено кажете дека ви треба помош.

„Сè е во ред“ (изговорено со безличен и лут тон) - кога всушност мислите „Мора ли навистина да ти објаснувам што ме изнервирало?“

„Готова сум за една минута“ - кога тоа всушност значи дека во брзање пробувате да се депилирате, ја поправитее фризурата и се шминкате, а уште не знаете ни што ќе облечете.

„Верувај ми, не сум љубоморна“ - кога всушност го предупредувате дека сте многу љубоморна.

„Дали изгледам дебело во ова?“ - кога ризикувате да добиете поискрен одговор отколку што очекувате.

„Не сум подготвена за вистинска врска“ - кога сакате да кажете дека чувствувате дека тој не е за вас.

„Не грижи се, тоа беше на попуст“ - во ситуација кога сакате да скриете дека сте купиле нешто доста скапо.

„Извини, пораката беше наменета за некој друг“ - всушност пораката е испратена на вистинското место, но не знаете подобар начин како да започнете со комуникација.

„Искрено, сеедно ми е“ - кога не ви е сеедно, но сте уморни да размислувате како да го решите проблемот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg