Како да бидете „маж за пример“ на првиот состанок?

Во најголемиот број случаи, првиот впечаток (кој се оформува на првиот состанок) е пресуден за понатамошната врска. Секако постојат исклучоци кои по катастрофален прв состанок успеале да бидат заедно, меѓутоа тоа се ретки моменти.

kako-da-bidete-maz-za-primer-na-prviot-sostanok-001.jpg

За да не оставате сѐ на среќата, еве неколку совети кои може да ви помогнат при планирањето на првиот состанок:

Доколку планирате да седнете во ресторан, бидете подготвени да потрошите повеќе пари. Одберете ресторан кој ви одговара на буџетот, а притоа гледајте да има убава атмосфера.

Подгответе се да нарачате нешто повеќе од вода и салата (освен ако не сте вегетаријанец/веган).

ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ не нарачувајте во нејзино име. 1920-тите завршија, жените денес имаат право на глас, и смеат сами да одлучат што ќе јадат/пијат.

За време на состанокот не претерувајте со испрашувањата, и не претерувајте со зборувањето за себе. Потребно е да направите баланс, затоа што никој не сака да биде испрашуван, а исто така, никој не сака луѓе кои се премногу внесени во себе.

На самата средба убаво е да упатите некој комплимент. Не претерувајте, меѓутоа бидете искрени во тоа.

ПЛАТЕТЕ ЈА СМЕТКАТА! Колку и да се други времињата денес, кавалерството мора да го зачуваме.

Откако ќе заврши состанокот, испратете ја вашата дама до дома (или до одредено место кое ќе и одговара). Доколку сте пеш, супер. Најпријатните и најубавите муабети се случуваат додека пешачите заедно.

Доколку се мислите дали да се збогувате со бакнеж или прегратка, а не сте премногу сигурни дека таа е заинтересирана доволно за бакнеж, прегратка е вистинскиот избор.

Откако ќе се испратите, не чекајте 3 дена (или колку и да се денови според вашиот кодекс), ништо не е поромантично од порака за добра ноќ во која ќе искажете колку убаво сте си поминале. Не брзајте притоа до договарање на втората средба во истата порака, само ќе ја расипе романтиката.

На крај, најважно од сѐ е да бидете сигурни во себе и да се претставите во најдобро светло, но во најискрено издание - никој не сака луѓе кои се преправаат.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg