5 знаци дека треба да дадете втора шанса по раскинувањето
Периодот по раскинувањето може да биде навистина пеколен и за оној кој раскинал, а уште повеќе за оној кој е оставен.
Во таквите ситуации интензивно се размислува за причините кои довеле до раскинувањето, но и за можноста за смирување. Иако, во принцип, ако сè било во ред немало ни да дојде до прекинување, постојат и пет знаци кои, ако ги препознаете, ќе ви покажат дека сепак треба да размислите уште еднаш.
1. Причината за раскинување не била сериозна
Секоја причина којашто не е поврзано со неверство, изгубена доверба или насилство, заслужува да биде размислена уште еднаш. Ви пречела некоја карактеристика или однесување? Или пак лошо сфатена шега? Изладете ја главата и двајцата и поразговарајте. Тогаш ќе видите дали врската заслужува уште една шанса.
2. Раскинавте цивилизирано
Според некое непишано правило, врските кои завршиле цивилизирано, може и да се обноват. Со самото тоа што сте седнале двајцата и сте разговарале очи во очи, вие сте покажале меѓусебна почит кон односот кој го имате. Но, доколку сте раскинале со СМС-порака, телефонски повик, агресивни испади, навреди и повишување глас, тогаш на смирувањето не треба ни да помислувате.
3. Немало навредливо однесување од која било страна
Некогаш, однесувањето на еден од партнерите ги намалува шансите за смирување. Иако во целиот тој емоционален хаос и страдање е нормално да влегувате од врска во врска и да бидете гледани со друштво од спротивниот пол, ако сакате помирување, контролирајте го своето однесување.
4. И понатаму постои емоционална поврзаност
Колку подобро сте се познавале еден со друг, толку поверојатно е дека во даден момент ќе почнете да си недостигате. А кога и двајцата партнери си недостигаат еден на друг, тогаш обновувањето на врската е логична акција. Но, доволно е само еден од вас да не го чувствува ова, за сите обиди за смирување да пропаднат во вода.
5. Можност за простување
Меѓусебното простување е многу важно кога сакате да обновите некој однос. Во таков случај, треба да ја затворите „црната тетратка“ со сите грешки на партнерот и да не го вадите минатото „низ нос“ секогаш кога ќе дојде и до најмала кавга.
Е. Д. | Црнобело