Машки еротски исповеди: Каква предигра обожавам со партнерката?

Фокусирајќи се исклучиво на главниот чин, паровите неретко забораваат на страста пред и после сексот. Ваквите мигови не само што ја подобруваат интимата помеѓу двајцата љубовници, туку доведуваат и до поголемо заедничко задоволство.

mashki-erotski-ispovedi-kakva-predigra-obozhavam-so-partnerkata-1.png

Мошне често се говори за желбите на мажите и жените во постелата, односно самото водење љубов, а сосема малку за нивните фантазии, или, пак, искуства што ја разгоруваат жарта, пред воопшто да стигнат до креветот.

mashki-erotski-ispovedi-kakva-predigra-obozhavam-so-partnerkata-2.jpg

Овојпат ќе се позанимаваме со таа тема, како и обично, пренесувајќи ги од прва рака личните мислења и доживувања на луѓето од соседството.

Поточно, искрените одговори на повеќе припадници од посилниот пол, во однос на прашањето каква предигра обожаваат со партнерката.

mashki-erotski-ispovedi-kakva-predigra-obozhavam-so-partnerkata-3.jpeg

Ова се нивните еротски исповеди:

„Едно утро будилникот заѕвоне половина час порано. Кога ја прашав дали по грешка го наместила алармот, таа само ми намигна и игриво одговори: „Не!“. Може да претпоставите што се случи подоцна.“

„Некогаш ќе ме повлече за раката, водејќи ме до спалната соба. Потоа ме турка во креветот, па полека се соблекува, додека јас восхитено ја гледам. Под гардеробата обично носи секси долна облека, што уште повеќе ме пали. Обожавам кога таа презема иницијатива.“

mashki-erotski-ispovedi-kakva-predigra-obozhavam-so-partnerkata-4.jpeg

„Неодамна девојката ми кажа да појдам во секси-шоп и да купам сè што сакам вечерта да облече. Тогаш ја имав сета моќ во свои раце. Беше неверојатно возбудливо.“

„Понекогаш сопругата ми зборува тивко и заводливо, шепотејќи ми: „Изгледаш неодоливо во оваа маица“ или „Те сакам!“. Потоа нежно ќе ме лизне и грицне за увото. Секојпат се ежам кога ќе направи тоа.“

mashki-erotski-ispovedi-kakva-predigra-obozhavam-so-partnerkata-5.jpg

„Кога ќе влезам во собата и ја затекнувам жена ми како си игра со вибраторот. Нема ништо пожешко!“

„Наутро ми се прикраде во туш кабината, па почна да ме трие по грбот. Набрзо сфатив дека капењето не ѝ е главната цел. Толку силно ме возбуди, што не можев да дочекам да завршиме во кревет.“

mashki-erotski-ispovedi-kakva-predigra-obozhavam-so-partnerkata-6.jpg

„Сакам да ја набљудувам дури се растегнува пред мои очи. На сите четири – како секси мачка.“

„Кога ќе ми дошепне: „Децата вечерва ќе преспијат кај моите!“, веднаш ми е јасно какви ни се плановите за ноќта. Жена ми знае како да ме изненади со најдоброто нешто на светот. Интимна средба во нашиот дом.“

mashki-erotski-ispovedi-kakva-predigra-obozhavam-so-partnerkata-7.jpg

„Кога сме излезени, девојката повремено глуми како допрва да се запознаваме. Тогаш имам чувство како одново да ја „ловам“, па уште повеќе копнеам да спиеме заедно. Сексот ни е навистина дивјачки во таквите ноќи.“

„Стана од фотелјата, гласно се проѕева и рече дека оди на спиење. Како што се приближуваше до спалната соба, така слекуваше парче по парче од облеката на себе. Ме погледна преку рамената. Кога влегов внатре, таа лежеше сосема гола на креветот. Продолжи да „спие“ додека ја бакнував по вратот. Беше како еротски сон преточен во реалноста.“

mashki-erotski-ispovedi-kakva-predigra-obozhavam-so-partnerkata-8.jpg

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg