10 ужасно непријатни искуства од љубовни состаноци
Сите имаме барем едно (стотина) лоши искуства од состаноци, но некои се апсолутно недостижни во нивното ниво на непријатност.
Ова се најнепријатните искуства од романтични состаноци раскажани на интернет:
Седевме во нејзината соба и претрча глушец. Сѐ беше во ред, освен тоа што јас вриснав, а таа не.
Бев на состанок со еден дечко, кој обидувајќи се да биде романтичен ми донесе огромен букет. Тоа што не го знаеше е дека сум екстремно алергична на цвеќиња... го поминавме остатокот од вечерта на дежурен лекар.
Мајка ми работи во осигурителна компанија, па така знам многу за осигурувања. На првиот состанок во обид да ја импресионирам, претерав со раскажувањето за осигурувања, па таа ме прекина мислејќи дека сум излегол со неа за да ѝ продадам осигурување.
Излеговме на романтичен состанок во кино. Мојата партнерка сликаше „селфиња“ со блиц, па не избркаа... Никогаш нема да го заборавам срамот.
Бевме на состанок и пробав да ѝ покажам смешно видео на телефонот. Како за беља, виде дека нејзиниот број сум го запишал под името „Сеедно“.
Додека ја чекав да си ја земе јакната, го погалив нејзиното куче, а тоа уринираше врз моите чевли.
Сѐ уште бев во средно, и го имав првиот и последниот бакнеж со мојата симпатија. Веднаш по бакнувањето, јас останав со подотворена уста и исплазен јазик, а таа се сврте да ме гушне... несакајќи и го лизнав образот.
Додека го бакнував за добра ноќ, нешто падна од неговиот нос директно во мојата уста...
Пробув да ја импресионирам баба ѝ (од Италија), меѓутоа наместо „задоволство ми е што ве запознав“ ѝ кажав „ме задоволуваш“ (сексуално) на италијански.
Имавме одличен прв состанок, па ме праша дали сакам следниот пат да одиме на дупли состанок. Се согласив, но не очекував дека ќе биде со неговите родители...
еНВи | Црнобело