10 сигнали со кои ќе ги прочитате луѓето уште на првиот состанок

Првиот состанок е секогаш највозбудлив. Без разлика дали се работи за некој кој веќе го познавате или за потполно нова личност.

10-signali-so-koi-ke-gi-procitate-lugjeto-uste-na-prviot-sostanok-01.jpg

Доколку сте на прв состанок и се обидувате да читате субтилни знаци кои ќе ви оддадат повеќе информации за личноста спроти вас еве 10 знаци кои можат да ви помогнат. 

Ја поправа облеката и косата

Доколку вашиот партнер/ка често ја поправа косата или ја исправа облеката, тоа е знак дека навистина им се допаѓате и сакаат да изгледаат убаво за вас. Исто така, можеби се малку нервозни поради фактот дека се на состанок со личност која навистина им се допаѓа.

Се наведнува кога зборувате и ве гледа во очи

Уште еден позитивен знак дека состанокот се одвива одлично е доколку личноста спроти вас е навистина заинтересирана за тоа што го зборувате.

Се мурти и стои со скрстени раце

Ова е лош знак кој може да ви посочи на фактот дека можеби премногу зборувате за себе и не дозволувате личноста до вас да дојде до збор. Или можеби тоа што го зборувате не му/и се допаѓа.

Постојано гледа во телефонот

Уште еден лош знак е кога личноста со која сте на состанок не е заинтересирана за вас колку што е заинтересирана за нивниот телефон. Ова е и знак на непочитување на соговорникот кој можеби сите понекогаш несвесно го правиме.

Преголема таинственост

Луѓето кои се обидуваат да скријат нешто многу лесно знаат да се издадат со суптилни сигнали, како гледање во телефон велејќи дека е нешто од работа, константно гледање на часовникот, а додека луѓето кои се во брак често ја кријат десната рака иако претходно го извадиле прстенот.

Зборува за минатите врски

Доколку вашиот соговорник често се навраќа на неговата/нејзиниот поранешен/а, тогаш дефинитивно се уште не ја преболеле оваа личност и ментално не се спремни за нова врска.

Премногу пребарува

Доколку вашиот партнер уште на првиот состанок започне да пребарува и да има премногу желби и заповеди, започнувајќи од обична нарачка на кафе, тогаш може да бидете сигурни дека врската со таква личност нема воопшто да биде лесна.

Посегнуваат по вас

Доколку вашиот соговорник суптилно сака да ја допре вашата рака, тоа е добар знак дека е заинтересиран за врска со вас и навистина му/и се допаѓате. Но, доколку вие сте тие што ќе посегнете по соговорникот, а тој ја тргне раката тогаш можеби состанокот не оди како што се надевавте.

Преголема грижа

Доколку соговорникот сака да ви угоди за секоја ситница и се грижи дали ви студи, дали ви се допаѓа местото и дали ви е удобно тогаш можеби имате работа со личност кој има ниска самодоверба и сака да им угоди на сите, или пак е малку нервозен и реагираат чудно.

Оди чекор пред вас

Доколку вашиот соговорник се движи на половина или чекор пред вас, тогаш можеби имате работа со себична личност која повеќе се грижи за себеси. Во овој случај дефинитивно треба да размислите дали да му дадете втора шанса.

Иако, постојат повеќе знаци сепак вие сте најдобриот судија кога станува збор за состаноци. Верувајте во себеси и не дозволувајте да се опседнете со малите ситници. Првите состаноци се наменети за уживање и пријатни разговори.

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg