Секси подароци за него
Се ближи роденденот на партнерот, а вие сте повторно без идеја? Сите знаеме каква паника не фаќа секоја година на овој ден. Не пропуштајте да ги...
...испробате овие секси подароци.
1. Еротска игра. Во секси шоповите ќе најдете еден куп вакви игри. Карти, коцка со разни пози – партнерот ќе ужива во играта. Подгответе свеќи, вино и секси овошје.
2. Жешка авантура. Изнајмете соба во хотел. Утрото пратете му СМС со податоците за хотелот, бројот на соба и точно време кога да дојде по вас. Дочекајте го во секси облека. Нека се чувствува дека прави нешто забрането.
3. Купони за секси услуги. Направете блокче со купони. Нека има: голо готвење, еротска масажа, орално задоволство во автомобил, секс на отворено и плус ваши замисли. Ставете ги во една кугла и дајте му да си бира еден по еден.
4. Голема кутија со гел за масажа. Нека биде на водена база, бидејќи знаете како завршуваат еротските масажи....
5. Врвки и лисици. Класични помагала со кои можете да ја одглумите неговата омилена сцена од порно филмовите.
6. Посета на сауна и приватен базен. Дозволете си поинакво секси забрането искуство. Шепотете му тивко да не ве чујат.