Ситуации во кои жените не се ни свесни дека се секси

Кога се припадничките на понежниот пол во прашање, одредени физички атрибути неминовно ги излудуваат мажите. И ним ова им е совршено јасно. 

situacii-vo-koi-zhenite-ne-se-ni-svesni-deka-se-seksi-1.png

Меѓутоа, постојат и моменти во кои момците исто така ја губат главата по нив, а на жените не им паѓа на памет дека е така.

 Вообичаено се работи за спонтани мигови, кога девојките отворено и искрено ги покажуваат емоциите, претставувајќи се себеси во вистинското светло.

Ова се ситуациите во кои жените не се ни свесни дека се секси:

Кога се смеат до солзи...

Мноштво жени се плашат дека широката насмевка може да им го расипе имиџот. Реалноста, пак, го докажува спротивното. Во овие моменти се среќни, неоптоварени и искрени. Баш какви што навистина се.

Мажите не сакаат глумици и наперчени девојки. Напротив. Природноста секогаш има предност.

situacii-vo-koi-zhenite-ne-se-ni-svesni-deka-se-seksi-4.gif

Кога ќе поцрвенат од срам...

Налик на претходната ситуација, жените се прикажуваат себеси во вистинските „бои“. Заруменетите образи ја разоткриваат нивната емотивна и ранлива страна. А, ниту еден маж не е имун на чувствителни девојки.

situacii-vo-koi-zhenite-ne-se-ni-svesni-deka-se-seksi-5.gif

Кога им треба мала помош од мажот...

Жените што за момент ќе го изгубат компасот, или, пак, ориентацијата, лесно го наоѓаат патот до машкото срце. На вистинските џентлмени им е чест да ѝ помогнат на дамата во неволја. И ова го сметаат за исклучително секси.

situacii-vo-koi-zhenite-ne-se-ni-svesni-deka-se-seksi-6.gif

Кога oблеката случајно ќе им се лизне од рамениците...

Немате поим колку овој момент делува привлечно во умот на фраерите. Разголувајќи само делче од телото, откриените раменa им даваат деликатен сексапил на жените. Кај мажите будат силен копнеж по девојките, но и желба да ги прегрнат и заштитат.

situacii-vo-koi-zhenite-ne-se-ni-svesni-deka-se-seksi-7.gif

Кога косата е нескротлива...

Еден прамен цело време им паѓа на челото и ги нервира - па постојано го поправаат. Од некоја причина, мажите ја обожаваат оваа ситуација. Во таквите мигови, посакуваат девојката ним да им допушти да ѝ ја тргнат „немирната“ коса од очите и лицето.

situacii-vo-koi-zhenite-ne-se-ni-svesni-deka-se-seksi-8.gif

Кога се самоуверени...

Ништо не е посекси од личност која зрачи со самодоверба. Кога жена што е свесна дека е прекрасна ќе зачекори во просторијата, таа буквално ги краде погледите на сите присутни мажи. 

Девојките кои знаат што сакаат, изгледаат едноставно неодоливо во очите на момците. 

situacii-vo-koi-zhenite-ne-se-ni-svesni-deka-se-seksi-9.gif

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg