„Стар ми е овој фустан, не ме нервира мајка ти“ – 7 најчести лаги кои секоја жена му ги кажува на партнерот
Не секоја лага е лоша, односно злобна лага. Ретко кој практикува 100% искреност, а дел од лагите коишто им ги кажуваме на партнерите се секако „мали, бели лаги“ и за нивно добро.
Или барем така најчесто се тешиме. Дали сте се запрашале за што најмногу го лажете својот партнер?
Со сигурност ќе се препознаете во следните 7 најчести женски лаги:
„Многу ми беше убаво“
Да признаеме, не секогаш сексот е возбудлив и на задоволително ниво. Сепак, понекогаш сме нестрпливи и уморни и сакаме само да заврши. Тоа не нè оправдува, но во секој случај не сакаме да го повредиме машкото его, па за мир… во креветот ќе кажеме само дека ни било „многу убаво“.
„Спремна сум за 5 минути“
Ретко која жена навистина може да се спреми за само 5 минути. Во превод најчесто означува 15 минути или половина, до еден час. Колку побрзо научите да ја препознавате оваа лага, толку поскоро и ќе се навикнете на неа.
„На 70% попуст беше, практично џабе“
Многу веројатно е дека производот ниту бил на 70% попуст (бидејќи тоа е вистинска реткост на нашите простори), ниту пак жената точно до денарче знае да го пресмета тој фамозно висок попуст.
Доколку почнете детално да ја испрашувате околу цената и ви каже неточна сума за попустот, многу веројатно е дека ќе ја изнервирате и воедно ќе ја фатите во сопствената лага.
„Сум спиела само со X мажи“
Поради стравот од осуда и стереотипите кои владеат на нашите простори, неретко жените се принудени да ја изговорат оваа лага, иако реално нема потреба од истата.
Бидејќи во принцип – нема ниту потреба од поставување на прашањето на прво место од страната на партнерот.
„Твоето друштво е супер“
Не, секако дека твоето друштво не е идеално и не ми е сосема по ќеифот, но морам да се смешкам, да сум учтива и пристојна поради почитта и љубовта која ја имам кон тебе. Не, никогаш нема твоето друштво да биде подобро и попријатно за дружба од моето. Стоп, точка.
„Овој фустан ми е од лани“
Многу слични како лагите за попустите. Едноставно е, си купувате ново парче облека или чевли, си го облекувате и кога ве прашуваат дали ви е ново, вие лесно одмавнувате со главата и кажувате дека е старо, од лани.
Секако, не е момент за гордеење, ама завршува многу работа, особено за мажи кои премногу забележуваат детали и се љубопитни душкала по природа.
„Воопшто не ме нервира мајка ти“
За мир, во куќата овој пат, ова е реченицата која се изговара со тешко срце, бидејќи е најголемата лага која една жена може да му ја каже на партнерот.
Бидејќи секогаш има некој збор или постапка кои ги кажала свекрвата и кои ве поместиле од колосек, но останува само смирено да се смешкате и да си го продолжите денот во мир.
Или да ја изговорите констатацијата со многу сарказам. Секако, и тоа не е исклучена опција.
(О)Милена | Црнобело