„Не сакам фраер, туку маж што ќе ме слуша!“

Во кино сала и пред малите екрани, можеби припадничките на понежниот пол ќе воздивнуваат по мускулестото тело на Крис Хемсворт, ќе се изгубат во небесно сините очи на Бредли Купер, или, пак, фантазираат за Џејми Дорнан во добро скроеното сиво одело. Но, каков маж навистина им треба? 

ne-sakam-fraer-tuku-mazh-shto-kje-me-slusha-1.png

Во вистинскиот живот, нивните очекувања од мажите се сосема поинакви, откриваат резултатите од најновото британско истражување, според кое на жените им се најпотребни партнери кои умеат да слушаат.

„Гајле ми е за плочките на стомакот, скапата гардероба и брзите автомобили. Кога ќе си дојдам дома, сакам мојот маж да ме слуша.“

ne-sakam-fraer-tuku-mazh-shto-kje-me-slusha-2.jpg

Припадниците на посилниот пол можат со часови да зборуваат за фудбал, да бистрат политика, или, пак, да водат расправа за омиленото пиво со нивните другари.

Меѓутоа, кога треба да поразговараат за врската со својата партнерка, тие не можат да одржат концентрација подолго од шест минути.

ne-sakam-fraer-tuku-mazh-shto-kje-me-slusha-3.jpg

Постојат мноштво експертски објаснувања зошто одредени мажи не сакаат да ја слушаат партнерката. Едни веруваат дека жените им се обраќаат единствено кога треба да им решат некаков проблем.

„По пеколниот ден на работа, одвај чекам да си дојдам дома и да му се пожалам на саканиот. А, тој ме прекинува после третата реченица. Ми држи лекции како треба да разговарам со шефот и да се изборам за поголема плата. Не сакам да ги решава моите проблеми. Сакам да ме дослуша што имам да кажам.“

ne-sakam-fraer-tuku-mazh-shto-kje-me-slusha-4.jpg

Други мислат дека со внимателно слушање на „жалопојките“ од девојката или сопругата, само ќе ја поттикнат уште повеќе да се жали, па сакаат таквото однесување да го oтсечат од корен.

На бившиот дечко му велев дека би била најзадоволната жена на светот, само ако ми обрне повеќе внимание додека зборувам. Ме гледаше немо и збунето, како да говорам странски јазик што тој не го разбира. Потребно ли е воопшто да објаснувам зошто веќе не сме заедно?“

ne-sakam-fraer-tuku-mazh-shto-kje-me-slusha-5.jpg

Мнозинството мажи, пак, се чувствуваат непријатно во улогата на слушатели, бидејќи воспитувани се со уверението дека тие не смее да покажуваат слабост и сочувство.

„Отворено го прашав сопругот зошто не сака да ме сослуша кога имам некаков проблем. Неговиот одговор беше: „Драга моја, јас сум маж! Ние решаваме проблеми. Не ги слушаме. Ако сакаш некој пасивно да те слуша, викни си ги пријателките.“

ne-sakam-fraer-tuku-mazh-shto-kje-me-slusha-6.png

Наспроти мислењето на мажите, жените ги сметаат за привлечни оние што ја поседуваат оваа особина.

„Според мене, нема ништо попривлечно од маж што знае да слуша. Запознав неколку типови кои се свесни за ова. И сите имаат богат сексуален живот.“

ne-sakam-fraer-tuku-mazh-shto-kje-me-slusha-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg