6 брачни тајни кои не се раскажуваат пред пријателите
Прекрасно е да имате пријатели на кои може да се потпрете и кои може да ве извадат дури и од најтешките грижи и моменти, но кога сте во брак, постојат граници.
Има неколку брачни тајни, кои без оглед на тоа колку и да сте блиски, не треба да ги споделите со пријателите:
1. Сметате дека вашиот/та сопруг/а се однесува како будала
Нема брак во кој партнерите не се полудуваат меѓусебно, одвреме-навреме. Но, тоа не е причина веднаш да трчате и да го/ја нарекувате со секакви погрдни имиња. Откако лутината ќе ви помине, вие можеби ќе заборавите, но пријателите вечно ќе паметат.
2. Колку заработувате
Веќе е доволно тоа што паровите (за жал) споредуваат дали имаат подобар автомобил или подобро уреден стан од вас, па нема потреба да изнесувате дополнителни информации за тоа кој колку заработува.
3. Кои пријатели сопругот/та не ги обожава
Не дозволувајте брачниот живот да ви ги наруши пријателствата, но исто така не дозволувајте сопругот/та да биде „лошиот човек“ кој има неубаво мислење за одредени луѓе во вашето друштво, но ете, вие не го/ја слушате.
4. Детали од сексуалниот живот
Забавно е да седнете и да споделувате пикантерии со блиските другари или другарки, но деталите треба да останат во спалната соба.
5. Во колкави долгови сте
Речиси секој брачен пар има по некој долг, без разлика колку е тој ситен, но тоа не е тема која треба да ја решавате со пријателите. Кога се работи за финансиите, луѓето многу лесно може да ве гледаат со други очи после некои информации.
6. Со кој(a) од вашите пријател(к)и би имале нешто повеќе
Нормално е да имате фантазии, но опасно е да ги споделувате со другите. Колку и да се шегувате со партнерот/партнерката дека би имале нешто повеќе со некој од вашите пријатели, шегите треба да застанат тука.
М. Д. | Црнобело