Фази низ кои поминувате кога ќе запознаете добар дечко по токсична врска
Девојките кои се во токсична врска не сфаќаат колку тоа емоционално влијае врз нив, барем додека да излезат од истата.
Неизвесноста за идните случувања, надежта дека тој ќе се промени, навиката на истите работи и комфорот дека има некој кој добро познава се дел од карактеристиките на овие врски, заради кои постојано тонете.
Дури и откако ќе излезете од оваа врска, последиците остануваат долго потоа, сè додека не запознаете некој подобар, заради кој ќе сфатите како претходната врска ви влијае.
Понекогаш, дури и ќе ги оттурнете добрите луѓе од вас бидејќи не сте научени на добар однос.
Фазите низ кои поминувате и работите кои се случуваат кога ќе запознаете некој подобар:
Прво, го очекувате најлошото
Не верувате никому. Дури ни на самите себе. Се прашувате како сте толерирале таква врска толку долго. Влегувате во секоја следна врска со најлошото очекување за некого. Некој период, не верувате во добри момци.
Постојано ги анализирате работите
Постојано мислите дека секој има некој скриен мотив или дека не го мисли тоа што го кажува. Кога веќе сте фатиле некого толку пати во лага, станувате параноични за секој нареден. Постојано се сомневате дури и во добрите луѓе.
Мислите дека тој е предобар за да биде вистинит
Чудно ви е некој да се однесува толку добро со вас и не ви се верува дека тоа е вистина. Очекувате да ја покаже лошата страна во секој момент, но секој ден тој сè повеќе ви докажува дека е човекот кој го барате од почеток.
Потоа го оттурнувате од себе
Некој во минатото направил да верувате дека не заслужувате подобро. Па кога ќе го добиете, го оттурнувате од себе.
Се плашите од нешто добро за да не го изгубите и не сакате да бидете повредени пак, па затоа вие се обидувате да го уништите тоа први.
Но, набрзо ќе сфатите дека е ова поразлично и тој нема да ви дозволи да го оставите.
Ќе очекувате кавги
Постојано сте во исчекување на кавга, но наместо тоа, сите работи се решаваат низ разговор и сè поминува смирено. Тука добивате чувство на комфор и сфаќате дека нормалните луѓе не си заминуваат штом нешто ќе тргне наопаку.
Па постојано ќе се извинувате
Тој постојано ќе се прашува за што се извинувате. Ќе ја гледа болката во вашите очи која ја создал некој во минатото. Ќе ја види болката во вашето срце заради што напорно се трудите да сакате повторно.
Но, тој ќе се обиде да ги промени ужасните стандарди кои некој пред него ги поставил и ќе биде исклучок за вас.
Претерано ќе се докажувате
И кога конечно ќе ја прифатите удобноста и врската, ќе почнете да ја сакате оваа личност со сè што имате. Но не претерувајте. Немојте да мислите дека мора целосно да се вложите до најмало парче.
Во минатото, сте мислеле дека не сте доволно добри и сте се труделе многу за да се докажете. Сега е доволно да бидете свои.
Потоа почнувате да му верувате целосно
Одеднаш ќе дојде момент кога ќе почнете да му кажувате сè што ви се случува. Момент кога му верувате и му дозволувате да ви се доближи.
А, кога ќе се отворите за минатото, ќе му дадедадете уште поголема причина да остане. Бидејќи, иако сте мислеле дека ранливоста е слабост, тоа што сте останале силни толку долго ве направило прекрасна личност.
И заради тоа вистинската личност ќе ве цени повеќе.
Конечно ќе научите што е вистинска љубов
Ќе сфатите дека врската која претходно ги поставила стандардите за љубовта била далеку од она вистинското.
Ќе сфатите дека љубовта не треба да боли. Ниту пак треба да ви го крши срцето. Љубовта не е ништо што доаѓа во форма на љубомора и посесивност.
Вистинската љубов не си игра игри со вашето срце, ниту пак сака да ве види во болка. Сфаќате дека тоа не било љубов, туку контрола.
И со солзи во очите, во еден момент ќе бидете благодарни за токсичната врска која не ве уништила, туку ве направила таа силна личност која што сте денес.
Се соземате и без страв, сакате повторно, но овојпат... на вистинскиот начин!
М. М. | Црнобело