6 причини да раскинете со партнерот, дури и ако го сакате
Ве одделува од блиските и ви го руши системот на поддршка и се обидува комплетно да манипулира со вас? Бегајте!
Носењето на одлука да раскинете со некого навистина не е лесно. Тоа е уште потешко кога мора да го сторите со некој што го сакате.
Без разлика што ви велат семејството и пријателите, ако чувствувате дека некој повеќе влијае негативно, отколку позитивно, на вашиот живот мора да се тргнете од него.
Доволно сериозни причини за да раскинете со партнерот:
Не можете да му верувате
Довербата е основа на врската, а ако не ве почитува доволно и навечер не можете да спиете поради него, тогаш е време за крај.
Емоционално ве манипулира
Вели дека целата вина е во вас и прави да не верувате во себе, едноставно сака да сте зависни од него. Тој ја има моќта, а вие сте неговата жртва.
Ве изолира од пријателите
Дали постојано ви зборува негативно за нив и ве оттргнува од сите што ги сакате? Тргнете се од него ако ви го руши целиот систем на поддршка и има болна потреба да е центар на вашиот свет.
Сакате различни работи
Врските кога тој не ви погрешил ништо, само едноставно сакате различни работи, се најтешки за раскинување. Без разлика, дали станува за различни гледишта во поглед на деца, преселба во друга земја или желби за начинот на живот, тоа е голем проблем.
Заинтересирани сте да бидете со некој друг
Ако сте во врска, но гледате знаци дека се зближувате со некој друг, тоа е сигнал дека нешто ви недостигало во врската. Пред да направите што било со другата личност, ставете крај на врската.
Не ви ја дава потребната поддршка
Не ги поддржува вашите соништа и не ви подава рака кога ви е потребно. Не смеете да го минете животот со некој кој се крие во аголот додека вие минувате низ тешкотии.
С. С. | Црнобело