Среќните парови се расправаат секојдневно, ако вашите кавги изгледаат вака имате идеален брак
Оние кои ви велат дека не се расправаат во браковите и врските – или ве лажат вас или самите себе.
Експертите потврдуваат дека секојдневните кавги односно расправии во умерени дози се пожелен зачин во секој врска. Секако ова важи само доколку истите се конструктивни и не завршуваат со физичка пресметка, т.е. насилство.
Истражувањата воедно покажуваат дека паровите најчесто се расправаат за следните 4 работи:
Кој што треба да работи
Оваа причина за кавга е прва на листата. Расправиите најчесто се одвиваат околу тоа којшто треба(ло) да сработи, односно како жената го поминала половина од денот над шпоретот, а мажот пред ТВ или зошто не е фрлено ѓубрето.
Кој троши повеќе пари
Ова е вториот најголем повод за расправии помеѓу партнерите. Кој троши повеќе пари на себеси, односно облека, обувки и козметика или пак за храна или домот. Следува третата причина односно:
Незаинтересираноста за секс
Ова е прилично самообјаснувачко по себе и секако оди и во двата правци.
Последната, но не и најмалку важна причина за кавга
Е тоа што мажите често пати не може да сфатат зошто нивните жени се толку поврзани со родителите.
Но, и жените не им остануваат должни на своите партнери, па најчесто умеат да им префрлат која е причината поради тоа што ги слушаат своите мајки без никаков приговор, односно исклучок.
Доколку се пронајдовте во една (или неколку) причини за секојдневни расправии со партнерот, без грижа, не сте единствените и сте сосема нормални.
Сè додека на крајот од денот пронаоѓате одговори, односно стигнувате до конструктивни решенија, сметајте дека имате нормален, среќен и успешен брак, односно врска.
(О)Милена | Црнобело