15 разлики кои љубовните врски не ги преживуваат
Спротивностите можеби се привлекуваат во некои романтични комедии, но ако се водите по тоа правило во приватниот живот, по неколку месеци ќе сфатите дека не сите разлики можат да ја преживеат врската.
Најчесто, ова се 15-те разлики заради кои врските завршуваат:
1. Двајцата имате различни ставови и желби на што да ги трошите парите.
2. Хуморот ви е некомпатибилен.
3. Едниот е утринска, другиот ноќна птица. Внатрешниот часовник на организмот може да биде пречка за нормално функционирање.
4. Приоритетите не ви се исти или барем приближни.
5. Начините на кои се релаксирате и сакате да го поминувате слободното време се сосема различни.
6. Имате несогласувања и во врска со здравјето и здравиот начин на живот.
7. Никогаш не можете да се согласите дали чашата е полуполна или полупразна.
8. Различното темпо на развој и напредок може да биде проблем.
9. Различно искажувате емоции.
10. Не можете да се усогласите дали е подобро да си дадете простор или постојано да бидете заедно.
11. Нивото на интелигенција ви е многу различно.
12. Имате многу различни гледишта во поглед на духовното.
13. Не можете да се согласите на тема деца.
14. Стилот на решавање на проблемите и кавгите ви се тотално спротивни.
15. Не можете да најдете активност во која двајцата ќе уживате.
М. Д. | Црнобело