Си ветиле дека ако сè уште се сингл на 50 години ќе се венчаат и го сториле тоа
Нивната прекрасна љубовна приказна личи на сценарио од романтична комедија.
Кимберли Дин и Рон Палмер се состанувале во средно училиште, но потоа се разделиле и останале пријатели. Двајцата стапиле во брак со други луѓе, но се развеле и во 30-тите години си ветиле дека ако се сингл кога ќе наполнат 50 години, поточно кога Кимберли ќе наполни, затоа што таа е помлада, ќе се венчаат.
Изгледа како филмско сценарио, но ова се изреализирало.
Кимберли и Рон се состанувале пред 37 години во средно училиште, но се разделиле затоа што Рон сметал дека му е рано за сериозна врска и во тинејџерските години треба да шета и да се забавува. Но, признава дека никогаш потоа не развил толку добра поврзаност со некого како што имал со Кимберли.
Тие никогаш не изгубиле контакт и, дури и кога биле во брак со други луѓе, останале во пријателски однос и си разменувале телефонски повици и писма. Дури си се жалеле и си се тешеле еден со друг кога имале проблеми со партнерите.
Кога двајцата биле разведени во 30-тите години од нивниот живот, на една средба Рон говорел колку придобивки носи работата, но лошо е што нема со кого да ги сподели, а Кимберли на шега му предложила ако не се венчаат со други луѓе пред да наполнат двајцата 50 години да се венчаат тие. И тој прифатил.
Оваа тема не се дискутирала сè до 2016 година кога таа имала наполнето 50 години и за време на една средба не го потсетила за пактот што го склучиле. Тој прво се колебал за да не си го уништат прекрасното пријателство, но потоа прифатил и се свршиле на новогодишната ноќ во 2017-та.
Инаку, двете деца на Рон од претходниот брак биле дел од свадбената церемонија, а едното од нив изјавило: „На луѓето што им е судено да бидат заедно ќе се пронајдат еден со друг. Може да бидат потребни 37 години за тоа, но ќе се случи.“
С. С. | Црнобело