13 работи кои треба да ги направите за тој веднаш да посака втор состанок
Првиот љубовен состанок е многу важен и неопходно е да оставите добар впечаток ако сакате авантурата да продолжи.
Мажите исто така имаат критериуми кои сакаат жените со кои се гледаат да ги исполнуваат.
За таа цел, добро е да знаете како да му го свртите паметот и да го натерате веднаш да посака втор состанок.
Треба да бидете умерени во сè, но да покажете дека сте поразлични од останатите „обични девојки“.
Што да направите на првиот за тој да посака и втор љубовен состанок:
1.Облечете се привлечно, но оставете нешто на имагинацијата.
2.Прескокнете ги здодевните романтични вечери и правете некоја забавна активност.
3.Ставете впечатлив парфем, но не се бањајте со него.
4.Смислете однапред неколку интересни теми и прашања, за да немате досаден разговор како на интервју.
5.Ако веќе мора да седнете некаде, нека не биде официјално еден спроти друг, туку седнете еден до друг за да се зближите.
6.Бидете самоуверени и приспособливи ако нешто тргне како што не треба, во било која насока.
7.Споделете неколку лични искуства за да го скршите мразот и официјалноста, но не претерувајте со лични приказни уште на почеток.
8.Понудете се да платите, но не форсирајте ако тој инсистира да ве почести.
9.Не го поминувајте цел ден заедно за да не си создадете непријатни ситуации уште од почеток – нека биде кратко и слатко.
10.Обидете се да стигнете на договореното место навреме.
11.Телефонот оставете го во чанта и покажете дека не сте опседнати со него, туку можете да се забавувате и да разговарате.
12.Не заборавајте од време навреме суптилно да флертувате со него.
13.Прекинете го состанокот и разделете се во најубавиот момент, за последното што ќе го памти од средбата со вас да биде убав момент кој сигурно ќе сака да се повтори.
М. М. | Црнобело