Свесна ли си што правиш на секое чувство во моето тело?

Ги гледам твоите очи, не знам дали некој некогаш ти споменал но таа мешавина на бои ме хипнотизира, како успеа да ме заведеш без воопшто да посакаш, како ти успева?

svesna-li-si-sto-pravis-na-sekoe-cuvstvo-vo-moeto-telo-001.jpg

Вечерва има премногу галамa во градот, одекнува музика од секоја дискотека и звукот на премногу испиен алкохол од луѓето во паркот ја уништува сликата на мирното езеро. Ги гледам твоите очи, не знам дали некој некогаш ти споменал, но таа мешавина на бои ме хипнотизира, како успеа да ме заведеш без воопшто да посакаш, како ти успева? 

Знаеш дека сум се фатил во твојата пајакова мрежа, се смееш и ја допираш својата коса, знам дека ти станува непријатно ти делат комплименти, ти и твојата слатка скромност. Тивко ги ставаш рацете на моите рамења и ме прашуваш дали некогаш ќе ја почувствуваш среќата во животот, дали некогаш ќе го искусиш светот без злоба, дали ќе научиш да живееш без да те повредат?

Ја спушташ ракатa полека по моето рамо и ме допираш за рака, ги стискаш моите прсти, дали штотуку ме улови? Се смееш во себе, ти го гледам тој сјај во очите кој не сум го видел одамна, ти го чувствувам задоволството и ја знам таа искреност во твојата насмевка, како да си нашла слична будала со којашто можеш да го делиш секојдневието.

Не велам ништо, имам нашите погледи одамна се разбраа. Не знам што се случи, но во тој миг како секој процес да застана. Не сакав да знам за ништо околу. Само за нас, тука и сега, не беше важно што ќе биде потоа.

„Многу е немирен градот. Јас само сакам да ја слушам тишината на нашите две срца,” ми велиш со шепот, потпирајќи ја главата на моите рамена.

Не велам ништо само ја зграпчувам твојата рака и се упатуваме на видиковецот кој го издава градот,еден прекрасен поглед, една глуво мртвило во кое само нашите насмевки го кршеа правилото на тишината. Можно ли беше да постои нешто толку искрено?

Немав што да кажам, постојано се прашував како те сретнав тебе, онаа која ја сонував долго, онаа за која мечтаев и онаа која што мислев дека никогаш нема да се појави. Свесна ли си што правиш на секое чувство во моето тело?

Бакнеж во кој се спојуваат два света. Месечината се распостила низ езерото, како да ги црта нашите силуети врз водата. Остануваш во мојата прегратка, како да нема посигурно место на светот, ми велиш да не те испуштам.

„Не можам да ти ветам дека секогаш ќе бидеме безгрижни, дека никогаш нема да ја почувствуваме тагата. Но можам да ти ветам дека секојдневно ќе се грижам да донесам насмевка на тоа твое прекрасно лице, за да можам да ги видам тие брчки на твоето чело кои толку те нервираат.

Не можам да ти ветам дека нема да надојдат денови кога ќе изгубиме смисла за животот, но можам да ти ветам дека моите раце ќе те држат и носат низ тие црни моменти, моите очи секогаш ќе сјаат за тебе со истиот сјај и ќе ти ја покажат светлината кога најмногу ти треба.

Нема да знам како да ти ветам дека сè ќе успее, дека ние ќе бидеме тие кои успеале, но можам да ти кажам дека додека дишам ќе дадам сè за да ги оствариме нашите сни. Заедно ќе го градиме тој свет без злоба, ние двајцата изгорени од општеството. Наивни душички кои не знаат да повредуваат намерно. Немој да престанеш да се смееш, бидејќи ме праша морам да ти одговорам, од денес, сега и тука започнува среќата”

Се смееш задоволно, како да сме ја докажале најтешката животна теорема. Не зборуваш, не зборувам, се слуша само звукот на нашите бакнежи, и ритамот на нашите две срца во таа ноќ кога повторно сè доби смисла.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg