Зошто луѓето се вљубуваат во колегите од работа?
Со колегите од работа минувате многу време заедно, споделувате професионални грижи, но и приватни проблеми, но дали би можеле да замислите романса со некој од нив?
Кога имате работно време од 8 до 16 часот во канцеларија, повеќе време минувате со колегите отколку со пријателите, роднините, па дури и партнерот.
Токму затоа не е воопшто чудно што многу луѓе остваруваат цврсти врски со колегите. Дури 17% од луѓето имаат барем еден колега од работа со кого константно зборуваат за стресот од работата, си разменуваат пораки и се дружат дури и по работното време.
22% од луѓето го запознале својот љубовен партнер на работното место, додека 18% го запознале преку пријатели, 13% онлајн, 10% во дискотека или кафуле итн.
Поголемиот дел од возрасните луѓе минуваат 1.680 часа годишно во канцеларија и со секојдневната комуникација со колегите гледаат како тие реагираат под притисок, како се справуваат со проблемите, па лесно започнуваат со нив да споделуваат лични информации и грижи со кои се соочуваат на работа, но и во приватноста.
Двајца од тројца луѓе во едно истражување во Велика Британија со 5.795 испитаници откриле дека би можеле да замислат да се состануваат со колега од работа, но дури 76% велат дека би ја држеле романсата во тајност.
Ризиците да се состанувате со колега се многубројни. Од чувство на некомфорност на работното место, повреда на вашата професионална репутација, па до можност да ја изгубите работата. Последици има уште повеќе ако врската не успее.
Минувањето многу време заедно на работното место ги руши бариерите помеѓу луѓето и границите може лесно да бидат преминати. Сепак, добро размислете дали вреди ризикот.
С. С. | Црнобело