Досада во врска?

Прво треба да го објасниме чуството на досада. Најкратко кажано: досадно ни е во оние ситуации во кои проценуваме дека не можеме да ги оствариме...

 

...своите желби.

Досадата е непријатно чувство кое нас ни дава импулс да ја напуштиме ситуацијата во која што нам ни е досадно и да побараме некоја друга во која што ќе можеме да ги оставариме нашите желби.

Но, социјалниот живот ни наметнува норма дека чувството на досада мораме да го издржиме до некоја одредена граница.

Кога секој ученик би го напуштил часот на кој му е досадно, училиштето би останало празно. Остварувањето на желбите го поврзуваме со квалитетниот живот: кога ќе ги оствариме чуствуваме задоволство или пак ако желбата била многу важна, чуствуваме среќа.

И затоа личноста која се жали дека има досадна врска испраќа важен сигнал дека е назадоволна во врската и дека посакува промени.

Остварувањето на желбите можеме да ги поврземе со квалитетот на животот: кога ќе ги оствариме - чувствуваме задоволство или, ако желбата била многу важна, среќа.

Затоа личноста која во врската се жали бидејќи и е досадно, тоа е сериозен сигнал дека нешто не е во ред во врската и дека сака промени.

dosada-vo-vrska

Кога ќе сфатат дека партнерот нема да се промени, оние кои често чувствуваат досада во врската или ја раскинуваат или пак бараат начин како да го намалат тоа чуство на досада.

Ако личноста не е спремна на раскинување, таа може (исто како и ученикот на час физички е тука, но ментално се наоѓа во некоја друга, поинтересна ситација) да сонува за некоја нова и поинаква љубов. За некои ова е неприфатливо, па често се случува тие луѓе да влезат во паралелна врска.

Иако многумина сакаат да го набедат својот партнер дека е досаден во врска, во реалноста и тие се исто толку одговорни како и својот партнер. Кога врската е се основа на тоа двајцата партнери да покажат што сакаат, а што не, тогаш работите се одвиваат спонтано, а кога некој е спонтан, тогаш чувството на досада ќе стане реткост.

Опуштени и спонтани партнери лесно се анимираат еден со друг. Проблемот започнува кога личноста чека од партнерот да ја забавува како што тој можеби тоа го правел на почетокот на врската, а не се искажуваат желбите и сфаќањата.

Ако личноста се плаши дека со изразувањето на желби ќе предизвика конфликт, тогаш таа ќе се откаже од нив, губејќи ја спонтаноста и виталноста, што на долг рок води до уништување на врската. Постои еден рецепт кој е најефикасен - искреноста.

Прашањето кое сосема ќе го привлече вниманието на партнерот е: Дали и тебе ти е некогаш досадно во врска?

Многу пати дека разговорот за досадување во врската станува крајно интересн, но и корисен бидејќи може да доведе до промени и смислувања на нови начини за поминување на заедничкото време.

Би можело да ве интересира:

Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
„По породувањето чувствував болка при секс и бегав од сопругот – Како успеав да го решам проблемот и... „Ако слушнете како некој се фали дека има многу секс по породување, немојте ведн...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg