Како стресот од работа да не ви ја уништи љубовната врска?

За жал, работата е главен извор на стрес кај возрасните, а ова секако се одразува и на приватниот живот.

trikovi-koi-kje-sprechat-stresot-od-rabotata-da-vi-ja-unishti-vrskata-01.jpg

Кога поминувате низ стресен период тоа го трпат и вашите најблиски, посебно партнерот.

Па, доколку не сакате несвесно да ја пренесувате нервозата на саканата личност, треба да научите неколку начини на однесување и правила до кои треба да се придржувате.

Трикови кои ќе ви помогнат стресот од работата да не ви ја уништи љубовната врска:

Останете искрени со партнерот

Многумина имаат лоша навика да се бранат од цел свет кога поминуваат низ тежок период и да не зборуваат за тоа.

Но, овој одбранбен механизам може да направи поголем проблем во љубовната врска, бидејќи не може сите проблеми да ги премолчувате.

За да не создадете полоша ситуација, доволно е само да кажете дека периодот ви е тежок и дека ви е потребна поддршка, а не дополнителни кавги.

trikovi-koi-kje-sprechat-stresot-od-rabotata-da-vi-ja-unishti-vrskata-02.jpg

Информирајте го партнерот за настаните

Зборувајте со него – тоа е најважно. На пример, ако во наредните неколку недели ве очекува многу работа и тежок период, кажете му го на партнерот тоа однапред.

Така тој ќе ве разбере и во наредниот период ќе ви дава поддршка и ќе ви помага низ дома со тоа што може.

Не дозволувајте да биде неинформиран за текот на настаните во вашиот професионален живот и одеднаш кога ќе дојде периодот да му се истурате за секоја ситница.

trikovi-koi-kje-sprechat-stresot-od-rabotata-da-vi-ja-unishti-vrskata-03.jpg

Поставете бариера помеѓу професионалниот и приватниот живот

Во стресен период, важно е да одредите простор каде ќе се чувствувате заштитено од надворешните проблеми, а тоа најчесто е домот.

Тоа не значи дека не треба дома да разговарате за работа, но на пример, спалната соба нека ви биде простор за одмор и разменување нежности, наместо да заспивате со проблемите од работа.

Независно колку сте зафатени, обидете се во еден период од денот, да се посветите на себеси и партнерот и додека сте дома целосно да се одморите.

trikovi-koi-kje-sprechat-stresot-od-rabotata-da-vi-ja-unishti-vrskata-04.jpg

Не си ги скратувајте задоволствата

Во стресен период, доколку партнерот е известен за тоа и се грижи за вас, ќе се обиде на момент да ве оддели од работата за да се одморите, или пак можеби сами ќе го направите тоа.

Не одбивајте време за одмор и релаксација, дури и ако се работи само за кратка прошетка или некое хоби кое претходно со задоволство сте го правеле.

trikovi-koi-kje-sprechat-stresot-od-rabotata-da-vi-ja-unishti-vrskata-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Што е „предвремена интимност“ и колку време треба да чекате за првиот секс, според експерт за врски Знаете ли што е „предвремена интимност“? Таа не се однесува само на сексот, туку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg