Машки исповеди: Што си помислив кога првпат ја видов девојката?

При запознавањето со нов фраер, низ главата на жената облетуваат еден куп прашања. Особено ако се доживува себеси како негова потенцијална партнерка.

mashki-ispovedi-shto-si-pomisliv-koga-prvpat-ja-vidov-devojkata-2.png

„Што ли мисли сега? Дали му се допаднав на прв поглед?“. Припадничките на понежниот пол сакаат одговори.

Сепак, она што тој навистина го мисли, неретко им останува мистерија. Дури ни после долгогодишната врска, повеќето не знаат каков бил првиот впечаток што го оставиле кај својот партнер. 

mashki-ispovedi-shto-si-pomisliv-koga-prvpat-ja-vidov-devojkata-4.jpg

А, што имаат да кажат момците на оваа тема?

Неколку мажи се исповедаа на платформата Reddit, откривајќи што си помислиле кога првпат ја виделе девојката. Одговорите се искрени и главно им ласкаат на нивните партнерки. Впрочем, прочитајте ги во продолжение:

 „Прво што си помислив беше дека е неверојатно убава и слатка. Нејзината насмевка и мазна коса ме освоија на прв поглед. За жал, не сме повеќе заедно, ама бевме во прекрасна петгодишна врска.“

mashki-ispovedi-shto-si-pomisliv-koga-prvpat-ja-vidov-devojkata-5.jpg

„Ме привлече со изгледот и акцентот на кој говореше. Беше облечена како тип на жена со каква отсекогаш сакав да излегувам. Денес сме во брак и наскоро ќе добиеме дете. Сѐ уште го негува извонредниот стил.“

„Ми беше мила, симпатична и смешна. Во исто време делуваше и тажнa, но се обидуваше да го прикрие тоа. Веднаш сфатив дека таа е вистинската жена. И, стана само моја.“

mashki-ispovedi-shto-si-pomisliv-koga-prvpat-ja-vidov-devojkata-6.jpg

„Едвај ја забележав, бидејќи навистина лошо беше облечена. Носеше некаква огромна маица и шорц од 90-тите, а згора на сѐ и старомодни очила за сонце. Значи, првата средба не ни беше баш најдобра. “

„Првпат се запознавме во средно училиште. Тогаш си помислив: „Баш е убава девојка, но зошто се однесува толку злобно и расипано кон мене?!“. Неколку години подоцна, случајно се сретнавме. Пресекси изгледаше. Сигурен бев дека е зафатена. Меѓутоа, почнавме да разговараме, па ја поканив на пијачка. Дознав дека е слободна и сега сме пар.“ 

mashki-ispovedi-shto-si-pomisliv-koga-prvpat-ja-vidov-devojkata-7.jpg

 M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg