8 типови на мажи со кои никогаш нема да може да создадете семејство
Во последните години, многу повеќе млади сакаат да бидат слободни што подолго пред бракот.
Но сепак, многу луѓе не се свесни за тоа дека всушност не се подготвени за таков сериозен чекор.
А, доколку вие сакате да процените со кој си имате работа, или ако сакате да избегнете понатамошни проблеми, добро е да знаете кои типови на мажи не се за создавање семејство.
Со овие мажи нема да функционира идејата за среќен брак и семејство (барем додека не се променат):
Мамин син
Ако за сите ситници и одлуки, тој прво се обраќа кај неговата мајка, наместо сам да го прави тоа што мисли дека е најдобро, тогаш подобро е да се тргнете настрана од момчето кое е зависно од мама, која најверојатно го контролира секој негов чекор и ќе се меша во сè.
Женкар
Ова е едноставно и нема потреба од објаснување – овие мажи сметаат дека квантитетот е критериум за успех и тешко ќе биде да верувате дека сте му единствена или дека ќе се промени за вас – бидејќи можно е многу брзо вам да ви најде замена.
Егоист
Понекогаш е добро да се биде себичен, но само во одредени случаи. Мажите егоисти организираат сè така што само ним ќе им биде удобно и пријатно, независно дали се работи за обичен состанок или некоја посериозна одлука.
Нарцис
Слично на егоистот, овој маж е опседнат само со себе, пати за внимание и препознатливост и вие никогаш нема да му бидете на прво место, а тешко е да се гради иднина со човек кој мисли само на себе.
Роб
Можеби на почетокот ќе ви одговара тој да ви се потчинува за сè и да ви дозволува да ги носите сите одлуки и да се сложува со сите ваши интереси. Но, ќе дојде момент кога тој нема да може да одлучи сам ниту за најмалите ситници, а не ви е потребен маж кој зависи од жената.
Ерген
Ако тој е веќе „стар ерген“ и нема „абер“ од женење, сигурно постои добра причина зошто да не бидете со него – или проблемот е во него и никој претходно не можел да го издржи или едноставно избегнува обврски – во секој случај, подалеку од него!
Критичар
Ако уште на вториот состанок тој го критикува вашиот изглед и сè останато, веројатно таа негативна енергија ќе ја внесува постојано понатаму, а сигурно не би сакале цел живот да ви заповедува и да ве критикува за секоја ситница која нему му смета.
Љубоморен
Не, не значи дека е љубоморен дека ве сака – постои разлика помеѓу мала љубомора и патолошка љубомора.
Доколку е љубоморен за секоја ситница и смета дека треба целосно да го промените животот по негови правила – не се впуштајте во таква проблематична врска – нема иднина.
М. М. | Црнобело