11 знаци дека не е мистериозен тип, туку е идиот
Ковањето на заеднички планови со него е невозможна мисија, а тој постојано има некое оправдување зошто не може комплетно да ви се посвети.
На почетокот неговото однесување го правдавте со тоа што го проценивте како мистериозен тип, кој тешко го отвора срцето. Но, дали ситуацијата остана непроменета?
Дали е навистина мистериозен или наидовте на идиот и само се залажувате и залудно трошите енергија и време со него?
Знаци по кои ќе познаете дека не треба да му давате повеќе шанси:
- Ви одговара на пораките по 10 часа и тоа со само по неколку зборови.
- Кога сакате да направите некои заеднички планови, тој никогаш не е сигурен дали ќе биде слободен и како ќе се одвива неговата седмица. Може да ви потврди најрано ден пред тоа.
- Секогаш има некој „голем проблем во џебот“ што го спречува комплетно да ви се предаде. Можеби стресна работа или пак трауми од детството.
- Чувствувате дека ако му ги кажете сите ваши тајни нема да ве гледа со исти очи.
- Уште не сте сигурни за фактите во неговиот живот. Секој пат кога кажува како му се одвива животот тоа е во шифри, кои не знаете да ги декодирате.
- Вашата врска има чудно темпо затоа што тој секогаш има некакви обврски до доцните часови.
- Прави да мислите дека се грижи за вас, но не може да се сети дека истото прашање за вашата сестра или татко ви го поставува по трети пат.
- Не воспоставува контакт со очите со вас додека имате секс.
- Се чувствувате како никогаш да не смеете да зборувате за лошите работи кои ви се случуваат во животот затоа што неговите се секогаш поголеми и поважни.
- Никогаш не ви ветува врска, но и не негира. Вратата на оваа тема секогаш ја остава малку отворена за да не си заминете.
- Да го натерате комплетно да ви се посвети ви стана мисија. Трошите премногу време и енергија на тоа.
С. С. | Црнобело