3 типови љубовни врски кои секоја жена треба да ги искуси во животот
Низ животот се вљубуваме и одљубуваме, некои луѓе влегуваат во нашиот живот за да останат, додека други се само на кратко, предизвикувајќи бурни успеси и падови.
Меѓутоа, психолозите велат дека секоја жена во животот се заљубува трипати.
И секое од тие 3 искуства е важно на свој начин.
Љубовна бајка
Најчесто, ова е првата љубов која ја пронаоѓате многу млади. Ви се чини дека тоа е тоа, љубовта за која читавте во приказните и која прави да се чувствувате како принцеза излезена од Дизни филм. Заради неа ја идеализирате љубовта и верувате дека е за цел живот. За жал, во оваа врска поважно ви е како таа изгледа однадвор, отколку однатре.
Таквата љубов кога-тогаш ве учи дека грижата за себе треба да е во идентична мера со грижата за партнерот.
Комплицирана љубов
Втората љубов во животот е најкомплицирана. Уверени сте дека сте ја научиле лекцијата од претходното искуство, одбирајќи сосема поинаков тип на партнер. Или барем така сте мислеле. Во оваа врска лесно може да бидете изманипулирани, може да ве прележат многу лесно и да ве повредат. Постојано се обидувате да ги спасите работите, иако тие се извлекуваат од ваша контрола.
Оваа љубов ќе ве научи дека подеднакво е важно да бидеш сакан, исто толку колку што сакаш.
Возрасна љубов
Третиот тип на љубов се појавува во период од животот кога воопшто не ја барате вашата сродна душа. Не делува совршено. Но, се карактеризира со неверојатна, необјаснива леснотија. Во овој период веќе немате никакви очекувања. Не барате изговори за туѓите постапки, ниту пак имате чувство дека некого поседувате.
Оваа љубов ве учи дека реалноста е многу поубава од совршенството.
М. Д. | Црнобело