Мажи откриваат: Што мислеле пред да кажат „те сакам“?
Јасно е дека врските не се такви какви што порано биле и дека „правилата“ се многу променети.
Но, иако денес е сосема нормално девојката да го преземе првиот чекор, сепак повеќето повторно чекаат на мажот.
А, потоа, кој ќе го каже првото „те сакам“? Тежок избор.
Оваа фраза на сите им се чини како страшна и тешка, посебно на мажите.
Па, токму тие откриваат што помислиле и како се чувствувате во моментот пред да изјават љубов:
„Чувствував притисок да ѝ кажам дека ја сакам... Сè уште не го чувствував тоа, но знаев дека таа сакаше да го слушне.“
„Мојата прва девојка избрза да ми каже дека ме сака. Кога ѝ кажав ‘те сакам’ на следната девојка, го мислев тоа, но бев многу нервозен бидејќи се плашев да не ја направам истата грешка.“
„Кога ѝ кажав дека ја сакам, не бев сигурен дали лажам за да направам да се чувствува подобро или се лажев себеси дека така работите ќе функционираат подобро.“
„Се расправавме кога кажав ‘те сакам’ првпат – се плашев, но тие два збора ги поправија сите работи.“
„Не се двоумев да ѝ кажам на девојка ми дека ја сакам – веднаш штом почувствував, едноставно ми излета. Која е поентата да се крие?“
„Кога врската требаше да продолжи на далечина, ѝ кажав на девојка ми дека ја сакам. Сакав да сфати и да знае дека нема да ја оставам.“
„Искрено, не знам дали знам како изгледа вистинска љубов и дали ја чувствувам. Кога ѝ кажав на девојка ми дека ја сакам, ми се чинеше како голема лага уште од почетокот.“
„Туку што ја изневерив девојка ми и ѝ кажав дека ја сакам за да ги намалам нејзините сомнежи. Се чувствував ужасно пред и потоа.“
„Кажав ‘те сакам’ кога девојка ми имаше паничен напад. Во тој момент сфатив колку сум ѝ потребен.“
„Ми беше прекрасно кога го кажав тоа. не ги сакав моите претходни девојки, но оваа ја сакав со цело мое срце. Знам дека го мислев секој збор што го кажав.“
М. М. | Црнобело