Четири критериуми се пресудни: На каков маж „паѓаат“ денешните жени?
Иако постојат многу повеќе, научниците ги издвоија карактеристиките, кои припадничките на понежниот пол најчесто ги земаат предвид при изборот на партнер. Добрината не е една од нив. Па, што најмногу ги привлекува девојките?
На каков каков маж „паѓаат“ денешните жени? Ова се четирите пресудни критериуми:
1. Популарност
Мажите им делуваат попривлечно на жените, доколку се популарни помеѓу останатите припаднички на понежниот пол, тврдат научниците.
Постои теорија дека повеќето од нив „паѓаат“ на оние кои се веќе во врска, затоа што ова им е некаков сигнал дека тие се пољубезни и поверни.
Во женските очи, ваквата карактеристика го прави мажот добар материјал за партнер.
2. Пари
Истражувањата покажуваат и дека ако мажот е финансиски стабилен, поголема е веројатноста да им биде привлечен на жените.
За разлика од нив, припадниците на посилниот пол не се толкави материјалисти. Ним физичкиот изглед на партнерката им е пресуден, a не парите што таа ги има.
Платата на потенцијалниот партнер е четирипати поважна за жените одошто мажите, откриваат резултатите објавени во Daily Mail.
3. Mускули
Секако – високите и добро градени мажи и понатаму високо котираат кај жените. Австралиските научници спровеле мини истражување на оваа тема, во кое зеле учество стотици испитанички.
Прикажувани им биле фотографии од разголени мажи до половината, чиешто лице не се гледало. Тие ги оценувале колку им е атрактивен секој од нив.
Резултатите потврдуваат дека најдобри оценки добиле оние кои изгледаат силно и моќно, поточно со мускулести раце и дефинирани стомачни мускули.
4. Интелигенција
Покрај физичкиот изглед и богатството, одредени жени посебно ги вреднуваат умните и проникливи мажи.
Според скорешно универзитетско истражување, секоја десетта особа смета дека интелигенцијата претставува најпривлечната карактеристика кај потенцијалниот партнер.
Богат, мускулест, интелигентен и популарен маж – дали ова е добитната комбинација што не ја остава рамнодушна ниту една жена? Споделете го вашето мислење во коментари.
M. A. | Црнобело