13 секс митови во кои верувавме додека бевме помлади
Компанијата Zava Med направи истражување во коe 1.000 луѓе проговорија за чудните работи околу сексот во кои верувале во младоста.
Дали некогаш ви е смешно кога ќе се сетите во какви работи за сексот сте верувале кога сте биле помлади?
Но, кој може да ве обвини? Во училиштата немаше сексуална едукација, а сигурно ви било непријатно да ги прашате луѓето околу вас да ви ги разјаснат дилемите околу сексот.
Дел од секс митовите во кои верувавме кога бевме помлади:
- Кондомите го намалуваат чувството за време на секс.
- Големите чевли/дланки значат дека мажот има голем полов орган.
- Јадењето на многу ананас ќе направи вагината на жените, односно спермата на мажите да имаат подобар вкус.
- Штркот ве носи кај вашите родители.
- Сексот е само прегрнување и бакнување.
- Носењето на два кондома е побезбедно од еден.
- Девојка може да забремени ако има сперма на тоалетната школка.
- Првиот сексуален однос на сите им е многу болно искуство.
- Кондомите ве штитат од сексуално преносливи болести.
- Ако не успеете да имате ерекција, значи дека сте стари или нешто не е во ред со вас.
- Само луѓето што менуваат многу сексуални партнери треба да се тестираат за полови болести.
- Ќе знаете ако имате ХИВ, без да се тестирате.
- Во ред е ставите кондом токму пред да ејакулирате.
Прочитајте и ако сте навлажнети, не ви е потребен лубрикант: 7 митови за сексот!
С. С. | Црнобело