Ако сте навлажнети, не ви е потребен лубрикант: 7 митови за сексот
Сите оргазми не се идентични. Запомнете дека не треба секој пат да очекувате експлозија и огномети.
Постојат низа митови за сексот во кои со години веруваме, од тоа дека сите жени можат да доживеат оргазам само со пенетрација до ставот кога е потребен лубрикант.
Кои се најголемите митови за сексот?
Мит 1: Сите оргазми се исти - експлозивни
Вистина: Експертите за секс велат дека палетата на оргазми е огромна, од онакви како тивок шепот до експлозивни, што ти го разнесуваат умот.
Многу фактори влијаат на тоа како вашето тело ќе реагира, без разлика дали тоа е задоволство, болка или нешто друго.
Мит 2: Што правите за време на сексот одредува колку е добар вашиот сексуален живот
Вистина: Дефинитивно тоа што е важно за квалитетот на сексот не е само самиот секс. Наместо тоа, поважна е интимноста, поврзаноста со партнерот и исполнувачкото чувство дека токму со него/неа имате секс.
Големата доверба, ниското ниво на стрес и чувствата еден кон друг прават слободно да уживате во интимниот миг и да имате незаборавен секс.
Мит3: Ако сте навлажнети, не ви е потребен лубрикант
Вистина: Потребата од повеќе „подмачкување“, од што вашето тело произведува, не значи дека не сте возбудени. Многу луѓе ја мешаат влажноста со возбуденоста, но тоа не е секогаш точен показател.
Месечните циклуси на жената, бременоста, менопаузата, лекарствата, некоја болест, може да бидат причини за недоволна влажност.
Секс експертите дури препорачуваат да се користи лубрикант кога имате секс со кондом за да има помало триење и да не пукне кондомот.
Мит 4: Може да станете зависни од вибраторот
Вистина: Може да станете приврзани од тоа како вашето тело доживува оргазам на одреден начин со помош на секс играчката, но тоа не значи дека станувате зависни од вибраторот. Едноставно, ви одговара таа рутина и затоа ја практикувате.
Затоа најдобро е да го менувате начинот на кој се самозадоволувате со вибраторот. Различни пози, различен притисок и нема да се навикнете само на одреден начин на постигнување оргазам.
Дури и да го доживувате врвот побрзо со вашиот пријател на батерии, тоа не значи дека вибраторот ќе ви ја уништи способноста за постигнување оргазам со партнерот.
Одлично би било дури понекогаш да го користите вибраторот за време на акцијата со партнерот.
Мит 5: Сите жени доживуваат оргазам со пенетрација
Вистина: Само 20-30% од жените успеваат да достигнат оргазам само преку пенетрација.
Не срамете си да си помогнете со ставање на раката на клиторисот за време на сексот и да си ги зголемите шансите за оргазам.
Мит 6: За да уживаат во чинот мажите мора да ејакулираат при секој сексуален контакт
Вистина: Мажите често мислат дека секој сексуален контакт е неизбежно да заврши со ејакулација.
Но, вистината е дека тие нема потреба да си ставаат ваква цел, не значи дека ако работите ги прават бавно, се забавуваат во процесот и на крај не ејакулираат сексот бил лош.
Мит 7: Машкиот полов орган мора да биде голем за партнерката да биде задоволена
Вистина: Најчувствителните делови од вагиналниот канал се на само неколку сантиметри длабочина, па дури и релативно мал машки полов орган може да ја заврши работата.
Најважното во сексот е предиграта и ерогените зони како вратот, брадавиците и ушите, плус, емоционалната врска и за мажите и за жените.
С. С. | Црнобело