5 типови на жени кои не поминуваат добро во љубовните врски – Дали сте една од нив?
Сигурно знаете барем една пријателка или познаничка која едноставно „нема среќа“ во љубовта. Можеби и не се работи за среќа, туку за карактер.
Истражувачите на меѓучовечките врски и односи откриваат дека постојат 5 типови на жени кои заради своите особини никогаш не можат да најдат соодветен партнер.
Проверете дали ќе се пронајдете во некој од овие типови и дали е време за промена:
Жени кои постојано уживаат во трачеви
Жените кои негативно ја доживуваат околината и ги омаловажуваат сите околу себе, дефинитивно ги одбиваат мажите. Одвреме-навреме коментарите се во ред, меѓутоа постојаната драма им е нејасна на мажите.
Жени кои се опседнати со диети
Ако секоја втора реченица ви е „ах, не го јадам тоа, има премногу калории“, тогаш подгответе се да јадете сами. Приговорите од типот на „зошто пиеш пиво, знаеш ли колку те дебелее“ исто така се реченици кои може да ви направат повеќе штета, отколку корист. Мажите сакаат опуштени жени.
Жени кои зборуваат само за работата
Сосема е во ред да се пожалите од колегите, работата или состанокот, но не да навлегувате во детали кои тој не ги разбира.
Жени кои не се задоволни и се срамат од своето семејство
Семејните драми не се ништо ново, но оговарањето на семејството и погрдните зборови за вашите мајка, татко, брат/сестра се нешто што никој не сака да го слуша.
Жени кои глумат мајки
Зборуваме за оние жени кои мислат дека знаат сè, па така и се однесуваат – како советник, а не партнер. Жените кои се опседнати со мудри совети и ги оптоваруваат другите со истите, не се посакувано друштво.
М. Д. | Црнобело