Жени откриваат што им помогнало да го пребродат раскинувањето

Периодот низ кој се поминува по раскинувањето на никого не му е омилен, но има луѓе кои полесно или потешко го пребродуваат.

zheni-otkrivaat-shto-im-pomognalo-da-go-prebrodat-raskinuvanjeto-01.jpg

Па, додека некои седат дома, патат и плачат за работите кои им се случиле, постојат други, кои прават нешто за да заборават и да поминат преку тоа.

Сепак, животот оди понатаму и треба да се ослободите од товарот кој го носите.

Неколку жени споделуваат совети, односно откриваат што тие правеле, а им помогнало да поминат преку тешкиот период:

„Го чистам станот темелно и го преуредувам. Раскинувањата за мене се многу продуктивни.“

zheni-otkrivaat-shto-im-pomognalo-da-go-prebrodat-raskinuvanjeto-02.jpg

„Го бришам од сите социјални мрежи и почнувам од ново.“

„Пуштам музика и викам најгласно што можам.“

zheni-otkrivaat-shto-im-pomognalo-da-go-prebrodat-raskinuvanjeto-03.jpg

„Се вратив на старото, омилено хоби кое го запоставив додека бев во врска.“

„За мене, одговорот е во јогата. Така си овозможувам внатрешен, духовен мир и така успевам да го оставам минатото зад мене.“

zheni-otkrivaat-shto-im-pomognalo-da-go-prebrodat-raskinuvanjeto-04.jpg

„Купувањето нешто ново што прави да се чувствувам добро, веднаш ме расположува и ми влева самодоверба за да продолжам понатаму.“

zheni-otkrivaat-shto-im-pomognalo-da-go-prebrodat-raskinuvanjeto-05.jpg

„Најдобриот начин да се излечи скршено срце е да се споделат искуствата преку пишување книга, статија или дневник.“

„Се посветив на себеси. Колку и да ми беше тешко, се трудев многу и никогаш не испуштив ниту една можност. Кампување, рафтинг, концерти, тануцање, вежбање – и поминав преку тоа без воопшто да сфатам кога се случило.“

„Преселувањето во нов град и новите авантури и животни можности за мене креираа нов свет и живот.“

zheni-otkrivaat-shto-im-pomognalo-da-go-prebrodat-raskinuvanjeto-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg