3 најчести причини зошто заљубеноста кај жените исчезнува
Обично кога се заљубувате верувате и се заколнувате на вечност, односно дека тоа чувство ќе трае засекогаш. Сепак, за дел од секунда заљубеноста може да исчезне.
Вистина е дека тешко си го признаваме исчезнувањето на оваа емоција, посебно ако се работи за неколкугодишна врска.
Но, зошто жените се одљубуваат?
1. Недостаток на почит
Кога жената се чувствува запоставено и непосакувано, раскинувањето е неизбежно.
2. Недостаток на интимност
Жените од врската бараат интимност на секое ниво, и физичко и духовно. Па, ако почувствуваат било какво заладување, големи се шансите и нивните емоции да оладат.
3. Чувствува дека на другите им е поинтересна
Кога жената ќе сфати дека мажот со кој што е во врска повеќе не ја доживува како интересна, врската може да биде загрозена од секој кој ќе се воодушевува на нејзините интереси.
М. Д. | Црнобело