Ситници кои ги прават девојките, а на мажите им го топат срцето
Можеби звучи чудно, но и мажите сакаат мали гестови од своите девојки, кои ги исполнуваат и омекнуваат.
Така и тие се заљубуваат во вас и постојано нешто ги тера повеќе да ве сакаат.
Па така, кога девојките ќе направат нешто слатко или нешто што прави да се почувствуваат сакано, а тоа ги прави среќни.
Доколку не верувате, погледнете што имаат изјавено неколку мажи во врска со тоа што сакаат кај нивната девојка:
„Таа ми ја држи раката без прашање. Но пред вратата ја остава за да ми дозволи да отворам за неа.“
„Кога девојка ми ќе ми направи ручек за на работа и ќе ми остави порака на ливче. Ситница, но ми го разубавува денот.“
„Кога ќе помине покрај мојата канцеларија со кафе за двајцата. Ќе се оженам со неа.“
„Кога едноставно ќе каже дека ме сака.“
„Кога ќе дојде зад мене додека готвам нешто во кујна и ќе ме гушне околу половината.“
„Омилено ми е кога ми прави појадок.“
„Кога се грижи да заспијам на време во кревет (бидејќи имам навика да заспивам на каучот во лоши положби).“
„Кога готви. Знам дека не е голема работа, но јас навистина мразам да готвам.“
M. M. | Црнобело