15 мали начини да го „натерате“ партнерот да ве запроси без да биде очигледната намерата
Повеќето жени се подготвени за брак многу порано од нивниот партнер и сонуваат за денот кога тој ќе ги запроси.
Сепак, не е така лесно мажот да се одлучи на тој чекор и за да ве побара за животен сопатник, треба да биде сигурен во тоа.
Важно е да знае дека заедничкиот живот ќе ви оди одлично, без посебни проблеми и потешкотии, а дека вие сте таа со која ќе биде среќен до крајот на животот.
Па така, доколку сакате да го „забрзате“ процесот, дајте ѝ вредност на врската и направете тој да се почувствува подготвено за тоа.
Неколку начини кои ќе ви помогнат во тоа, без тој да забележи која ви е намерата:
1. Опуштено спомнувајте го бракот во позитивна смисла при разговорите, но немојте да бидете нападни.
2. Бидете совршена девојка за него, според заедничките потреби, желби и остварувања.
3. Зближете се со неговата мајка и направете да ве засака како вистинската за нејзиниот син.
4. Секојдневно кажувајте му како се чувствувате и потсетувајте го колку ви значи.
5. Направете го секој ден романтичен и не запаѓајте во монотонија.
6. Поминувајте време со неговото семејство и тој ќе почне да ве гледа како дел од него.
7. „Терајте“ го почесто да излегува со пријателите за да знае дека не му забранувате ништо и се грижите за неговиот социјален живот.
8. Понекогаш натерајте го и да гледате романтични комедии и да ја поминете цела вечер романтично.
9. Покажете му дека сте одличен тим и дека за сè функционирате како што треба, пружајќи му поддршка на секое поле.
10. Правете ги домашните обврски заеднички и докажете дека тоа може да биде интересно поминато време.
11. Дружете се со парови кои се среќно венчани, за да види дека и така може да функционирате одлично и дека нема од што да се плаши.
12. Спомнувајте од време навреме колку се кул некои венчани парови кои ги познавате за да посака таков живот.
13. Не заборавајте да ги прославувате или барем да ги одбележите скромно годишнините и сите важни датуми и настани.
14. Правете го спротивното од она што неговата поранешна девојка го правела и покажете дека вие сте вистинската која е поразлична и подобра од секоја претходно.
15. Често давајте му комплименти, бидејќи и мажите сакаат да бидат пофалени, без разлика на годините.
М. М. | Црнобело