Низ илустрации: Зошто сè уште не сте ја пронашле вашата љубов?
Понекогаш некои луѓе се наоѓаат во период од животот каде не може да ја пронајдат вистинската љубов, иако се трудат да го постигнат тоа.
Најчесто, постои причина зошто тоа е така, и во повеќето случаи, таа лежи во вас.
Доколку сте подготвени за сериозна љубов, во продолжение можеби ќе ја дознаете причината заради која не може да ја најдете вашата љубов.
6 причини и илустрации кои ќе ви дадат одговор на прашањето зошто сте уште сами:
Нема место за љубов во вашиот живот
Можеби сте подготвени да сакате и да бидете со некого засекогаш. Но, сепак вашата работа е на прво место и никогаш не може да најдете време за да го поминете со личноста која би била покрај вас засекогаш. Исто така, секогаш наоѓате време за пријателите кои ви се жалат за љубовните проблеми, а не наоѓате време кое ќе го одвоите за потенцијалниот партнер.
Дијагноза: Зафатени сте со сè освен со љубов.
Што да правите?
Престанете да се справувате со секој проблем на работа сами. Кога имате погрешни приоритети невозможно е да бидете среќни и да продолжите понатаму. Прво, сакајте се себеси, грижете се за себе, одете дома навреме и организирајте си го времето.
Наместо да одите на кафе со пријателката која ви раскажува само за нејзината врска и проблеми, посветете се на својот љубовен живот.
Не можете да се откажете од претходната врска
Конечно сте нашле време за да запознаете нова личност со која ќе се гледате. Пробувате нови аутфити и се средувате, но нешто не е како што треба.
Бидејќи кога си ја замислувате љубовта, мислите на поранешниот партнер и на сите карактеристики во претходната врска.
Споредувате сè со минатата врска, па дури ја спомнувате и на новите љубовни состаноци.
Дијагноза: Вашата претходна врска ви го окупира срцето.
Што да правите?
Одговорете си на прашањето зошто уште патите. Вашата врска е готова и нема зошто да се навраќате назад. Не може ништо да промените, освен да продолжите. Имало причина зошто сте ја прекинале врската и очигледно дека партнерот не бил совршен.
Ослободете го умот и дајте си можност да се впуштите во нови авантури без грижа. Време е да бидете среќни.
Поминувате премногу време дома
Постојано сте уморни од работа, времето е лошо, во зима ви е ладно, во лето топло – секогаш наоѓате причина да не излезете и да останете дома.
И покрај многуте понуди од пријателите, вашиот краен избор секогаш е да ја поминете вечерта сами и затворени. Затоа секогаш се чувствувате тажно и немате никој покрај вас.
Дијагноза: Претворени сте во „домашар“.
Што да направите?
Времето поминато дома во мир е бесценето, но тоа не треба да се случува секогаш. Доколку седите постојано затворени во 4 ѕида, секако дека нема да ја пронајдете личноста за вас.
Мора да излезете, да се дружите и да привлечете запознавање со некого, независно на кој начин.
Животот е прекрасен и надвор од домот, потрудете се да го запознаете.
Не обрнувате внимание на вашиот изглед
Секако, изгледот не е пресуден, но за на прв поглед некому да се допаднете, е од клучна важност.
Посебно, доколку вашите пријатели се секогаш дотерани и средени и вие постојано сте во сенка поради нивниот изглед, време е да поработите на себе.
Дијагноза: Не се грижите за тоа како ве гледаат другите луѓе.
Што да направите?
Првиот впечаток е многу важен за основа на нова врска. Подоцна ги покажувате сите останати внатрешни квалитети, но мора да се потрудите првично да посака некој да ви пријде.
Не мора да претерувате, но бидете секогаш уредни и средени и не заборавајте на насмевката и шармот кој треба да зрачи од вас.
Се водите само според мислењето на вашите родители
Можеби најлошото од сè – конечно наоѓате личност која ви се допаѓа и се заљубувате, но вашите родители не ја одобруваат.
Тие имаат посебни критериуми кои вашиот партнер не ги исполнува и сметаат дека заради тоа не ве заслужува, иако не го познаваат како вие што го познавате.
Но, мислењето на вашите родители е најважно за вас и вие не ги следите вашите интереси туку нивните.
Дијагноза: Мислењето на вашите родители ви е поважно од вашето.
Што да направите?
Секако дека мислењето на родителите е важно, но понекогаш, не може да се водите по тоа, бидејќи и тие знаат да погрешат.
Добро е да разговарате со нив и да видите дали ќе може да им го објасните вашиот став, па можеби ќе ве разберат и ќе го променат мислењето.
Тие не го познаваат вашиот партнер и можеби имаат само лош прв впечаток, па се обидуваат да ве заштитат.
Следете ги вашите чувства и објаснете им ја ситуацијата најдобро што можете – не дозволувајте среќата да ви биде „украдена“.
Не сакате да пробате нови работи
Постојано ги правите истите работи на кои сте навикнати и со кои се чувствувате пријатно. Излегувате во истите кафулиња, со истите луѓе, бирате исти женски филмови кога одите во кино и не пробувате ништо ново.
Имате краток видик и не гледате каде може да запознаете паметни луѓе од спротивниот пол кои можеби би ве заинтересирале, туку постојано се држите до вашите исти навики кои не ви носат ништо добро.
Дијагноза: Се плашите да пробате нешто ново.
Што да направите?
Ослободете се од структурата по која се градите себеси. Гледајте надвор од кутијата и пробувајте нови различни работи.
Вистинската љубов можеби е до вас, но вие не ја гледате заради постојаното практикување на вообичаените хобија.
Направете промена, бидете различни од тоа што сте биле досега, гледајте на работите на поинаков начин и можеби, конечно ќе ви се посреќи.
М. М. | Црнобело