5 тајни поврзани со водењето љубов кои секоја жена треба добро да ги знае

Да се разбере еден маж не е воопшто лесно, бидејќи сите имаме широк спектар на емоции и чувства. Кога станува збор за интимноста, мажите се многу помистериозни за разлика од жените.

5-tajni-povrzani-so-vodenjeto-ljubov-koi-sekoja-zena-treba-dobro-da-gi-znae-01.jpeg

Тие може да покажуваат една работа, да чувствуваат сосема друга или да се способни за нешто трето.

Затоа, разбирањето на еден маж ќе ви овозможи подобра љубовна врска и секако, поквалитетен сексуален живот.

Кои тајни треба добро да ги знаете за мажите кога станува збор за водењето љубов?

5-tajni-povrzani-so-vodenjeto-ljubov-koi-sekoja-zena-treba-dobro-da-gi-znae-02.jpeg

Многу жени веруваат дека секој маж е прилично сигурен во себе кога станува збор за сексот. Од нив се очекува да го иницираат чинот на водење љубов и да ја водат сексуалната игра.

Она што не го знаеме е дека мажите навистина многу се трудат и сакаат да ја задоволат партнерката. Тоа неретко им предизвикува напнатост и анксиозност. Тие на некој начин сакаат да се докажат како одлични сексуални партнери, а во тие моменти ви се повеќе посветени вам отколку себеси.

Обидете се да им дадете до знаење дека сакаат да уживате заедно со нив и нема потреба да достигнуваат превисоки стандарди, сè додека водењето љубов делува природно и неизнасилено.

5-tajni-povrzani-so-vodenjeto-ljubov-koi-sekoja-zena-treba-dobro-da-gi-znae-03.jpeg

Поголемиот дел од мажите прилично сериозно си ја сфаќаат „работата“ која се одвива под чаршафите. Тие сакаат да испробуваат нови сексуални позиции и техники кои може да ви причинат уште поголемо задоволство.

Што се очекува од вас? Да им дадете до знаење дека уживате, дека сте задоволни и дека ги прават работите токму онака како што треба. Вие треба само да изберете во каква форма (вербална или невербална) ќе се изразите.

5-tajni-povrzani-so-vodenjeto-ljubov-koi-sekoja-zena-treba-dobro-da-gi-znae-04.jpeg

Жените сакаат аперитив, предјадење, вечера, па десерт. Мажите радо би ги прескокнале сите овие работи и би прешле директно на десертот.

Не ги сакаат премногу долгите предигри, бидејќи не може да дочекаат да ве имаат во креветот до нив.

Не развлекувајте го намерно разговорот и не ги оставајте да чекаат премногу долго, бидејќи ова најчесто се одразува и на нивниот сексуален перформанс. Мажите се „ладат“ многу побрзо за разлика од жените.

5-tajni-povrzani-so-vodenjeto-ljubov-koi-sekoja-zena-treba-dobro-da-gi-znae-05.jpeg

Доколку мислите дека сте единствените кои имаат несигурности поврзани со физичкиот изглед, тогаш се лажете.

Најчесто мислиме дека мажите не се заморуваат многу околу нивното тело и не се борат со истите несигурности како ние.

Но, и тие се свесни за својот надворешен изглед, почнувајќи од фигурата, лицето и косата. И тие сакаат комплименти исто како и ние жените и секако дека имаат огромно влијание врз нивната самодоверба.

5-tajni-povrzani-so-vodenjeto-ljubov-koi-sekoja-zena-treba-dobro-da-gi-znae-06.jpeg

Еве ја најголемата тајна којашто треба да ја знаете–мажите не умеат да читаат мисли. Ако мислите дека сте кажале нешто меѓу редови и тој ќе успее да го протолкува, не губете си го времето.

Подобро најдете начин да им (по)кажете што е она што ве возбудува, да го насочите како може подобро да ве задоволи, бидејќи директната и отворената комуникација се клучот за успешен и квалитетен сексуален живот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg