Не е како на филм: Што да се прави кога партнерот се бакнува грозно?
Добриот бакнеж има моќ и жабата да ја претвори во принц. Со лошиот, пак, дури и најнеодоливата личност може да ни стане одбивна. Има ли помош во второто сценарио?
Филмските бакнежи се преполни со страст, зар не? Штета што не баш сите ликови се романтични јунаци и во вистинскиот живот.
Многумина се нашле во истата ситуација. Кога конечно го дочекале првиот бакнеж со симпатијата што ги привлекува - ги дочекал студен туш.
Секој нареден, пак, претставува само реприза на огромното разочарување. Уште една потврда и потсетување дека едноставно грозно се бакнува.
Наместо да го менувате партнерот, обидете се да му ги промените бакнежите. Што да се прави во такви случаи?
1. Заборавете на неговите чувства.
Ако цело време размислувате како да му кажете дека лошо се бакнува, без да ги повредите неговите чувства – нема многу да постигнете. Соопштете му на нежен начин, веднаш давајќи му до знаење дека сакате да поработи на тоа поле. Не грижете се претерано дали ќе го навредите или не. Секако ќе биде така. Меѓутоа, доколку ви е важно да успеете како двојка, ова е нешто кое си го должите на себеси.
2. Водете го низ бакнежот.
Наместо да очекувате дека нештата ќе се поправат сами од себе, прејдете од теорија – на пракса. Обидете се да го водите низ бакнежот, покажувајќи му што ви се допаѓа, а што не.
3. Кажете му што ви се допаѓа.
Како да му докажете дека вашите забелешки не биле злонамерни? Најдобриот начин е јасно и гласно да го пофалите за она што ви се допаѓа. Така секоја критика ќе ви стане конструктивна, а веројатно и ќе го мотивира партнерот да биде уште подобар во бакнувањето. Се разбира, допуштете му и нему да ви каже што мисли за вашите бакнежи. Обајцата ќе напредувате.
М. А. | Црнобело