Немаш момче?
Пронаоѓањето на вистинскиот може да биде комплицирано. Сигурно имате долга листа на барања и очекувања, мислите дека заслужувате некој посебен...
... (што е сигурно е вистина), некој со кој ќе делитe заеднички интереси, дури ќе имате исти хобија и слична работна етика.
Без разлика на тоа што постојано се гледате со момци, никако не умеете да ја пронајдете сродната душа, а не ви е јасно зашто? Можеби е време да го промените пристапот. Нормално, не да го тргнете секој можен критериум, туку да се обидете да ја согледате ситуацијата од друг аспект.
Променете ја сликата на идеалниот маж
Сите ние во главата имаме слика на "идеалниот" партнер. Можеби вашиот господин Вистински е висок и згоден, можеби е духовит, можеби образован или најверојатно се од претходно наведеното.
Тоа е одлично, но ако се оптоварувате со потрагата на некој кој ќе ги задоволи сите ваши критериуми, можеби нема да го забележите слаткото момче од вашето соседтсво или шармантниот колега од соседната канцеларија на кои им се допаѓате и едноставно ќе ја испуштите шансата да проверите дали можеби и овие момчиња би биле совршени за вас.
Нормално е да се има претстава за тоа со каква личност можете да се замислите во врска, но можеби и не е пресудно доколку тој не сака животни или пак колку е висок. Пред да почнете да очајувате, преиспитајте ги своите очекувања.
Размислувајте на долги стази
Ако во последно време вашиот љубовен живот е мизерен, размислете што всушност очекувате од партнерот. Размислете добро, посветете си време сами на себе и обидете се да утврдите што ве прави среќни.
Понекогаш, кога малку ќе се дистанцираме од проблемите, тие почнуваат да се решаваат сами по себе. На крајот на краиштата, љубовта најчесто доаѓа сама, кога најмалку очекуваме.
Проширете го кругот на луѓе со кои се гледате
Доколку вашиот круг на пријатели не се променил од гимназиските денови, можеби е време да промените нешто и на тоа прашање. Веројатно ни луѓето со кои работите не се лоши пријатели и сигурно би можеле убаво да си поминете на кафе со колегите.
Па следниот пат кога ќе излезете можеби ќе ги запознаете нивните пријатели и можеби токму некој од нив ќе стане вистинскиот.
Научете нешто ново
На пример, научете португалски. Или научете да возите кола или поченте да вежбате. Сигурно има работи кои отсекогаш сте сакале да ги направите, но никогаш не сте имале време. Сега е вистинскиот момент - слободни сте, имате повеќе време. Тоа сигурно ќе ви ги отргне мислите од фактот дека моментално немате момче.
Направете го првиот чекор
Ако се држите на принципот дека дамата никогаш не му приоѓа на момчето, можеби треба да размислите уште еднаш. Ова е 21- век и ако вам некој ви се допаѓа - пријдете му, најлошо што може да се случи е да не му се допаѓате.
А тоа не е воопшто страшно!
Уживајте додека сте сами
Ако сте задоволни со себе, зрачите со самодоверба ќе идете привлечни - луѓето сакаат да бидат во друштво на весели, насмеани личности.
Не споредувајте
Не паѓајте во замка, никогаш немојте да ги споредувате новите момци во вашиот живот со вашето поранешно момче. Ако го правите тоа, тешко дека некој ќе биде спремен на постојано проценување, без разлика на тоа колку му се допаѓате.
И на крај, опуштете се и уживајте, лето е - сеуште не е доцна за една убава летна романса!