3 жени кои може да ви ја уништат врската со партнерот
Кога е едната од нив во прашање, веројатно и сами претпоставувате за кого се работи. Но, што е со другите две? Не, бившата девојка не е во тој круг. Не грешете душа. Па, кои се тогаш вашите потенцијални ривалки?
Секако дека ниту еден маж не е 24 часа по дома. Се разбира и дека има свој круг на пријатели и колеги со кои дружи. А, факт е и дека вие не сте единствената припадничка на понежниот пол во неговиот живот.
Постојат три жени, коишто имаат посебно влијание над вашиот партнер. Тоа е толку големо, што би можело дури и да ви ја загрози врската. Секоја има различни мотиви, но исходот е секогаш ист – елиминација на девојката од играта.
Да не ве држиме во неизвесност повеќе - ова се жените од кои најмногу треба да се плашите, како и причините поради кои е така:
1. Неговата најдобра другарка
Ja познава уште од градинка и на неа слепо ѝ верува. Таа е неговата најомилена и најдоверлива женска личност, па за проблемите – особено кога станува збор за женскиот пол – редовно ѝ се обраќа нејзе.
Таа најдобро може да му објасни „што жените сакаат“. Меѓутоа, не се баш сите најдобри пријателки среќни кога ќе добијат конкуренција.
Од страв дека би можеле да го изгубат другарот поради друга жена, тие понекогаш се служат со манипулативни трикови – и сакаат да го оддалечат од девојката. Надевајте се дека нема да ѝ поверува, како и дека сепак на крајот ќе ве слуша само вас.
2. Неговата мајка
Дури и да не се работи за класичен мамин син, тој сеедно ќе го уважи мислењето на мајка си околу вашата врска. Доколку актуелната девојка на нејзиниот „миленик“ не соодветствува на желбите и (пре)високите критериуми што таа навидум ги има, ќе направи сѐ за да го „ослободи“ своето синче од канџите на „натрапничката“.
Впрочем, за него е добра единствено најдобрата помеѓу најдобрите, зар не?
3. Неговата колешка
Секој ден e со неа по осум часа во канцеларија. Заедно го испиваат првото утринско кафе на работа. Заедно им поминува половина од денот. Заедно се прикриваат пред шефот. Но, комуникацијата ретко им завршува согласно работното време.
Во мноштво ситуации, дружбата и муабетите продолжуваат со пијачка во околното кафуле или ресторан. А, ако згора на сѐ таа му е и привлечна, тогаш во ваква ситуација има баш многу прилики за флерт.
Ова не значи дека и ќе дојде до неверство, ама дефинтивно покажува дека може биде и тоа како сериозна закана за вашата врска. Отворете очи.
M. A. | Црнобело