5 типови на љубовни парови кои постојат во секое друштво

Кога ќе започне љубовната врска на некој од пријателите, некако магично секој еден од друштвото влегува во нивниот љубовен круг.

5-tipa-na-ljubovni-parovi-so-koi-se-druzite-2.jpg

Едноставно не е возможно нивното меѓусебно расположение да не се пренесе на останатите во групата.

Сепак, романтиката многу често знае да биде засенета од љубомората и недоразбирањата, и таквата негативна енергија меѓу партнерите вртоглаво брзо се пренесува помеѓу другите пријатели.

Како и да е, секој од нас во одреден момент од животот бил опкружуван од следниве 5 типови на љубовни партнери:

Експлицитни љубовници

За жал секој од нас во својот живот имал барем еден пар кој мисли дека доколку има интимен однос зад затворени врати, тоа им дава право слободно да ја презентираат својата предигра пред јавноста.

Ваквиот тип на љубовници се веројатно едни од најиритантните ликови на кои што можете да налетате.

Тие се бакнуваат секогаш и секаде, постојано се чешкаат и закачкаат, а најчесто имаат и свој „лигав“ јазик кој само тие можат да го разберат.

5-tipa-na-ljubovni-parovi-so-koi-se-druzite-3.jpg

Неподносливи кавгаџии

На другиот крај од спектарот е онаа двојка во која партнерите си ги вадат очите за сѐ и сешто. Од временската прогноза па сѐ до тоа дали чашата требала да стои лево или десно.

Единствена причина заради која се заедно е веројатно „сексот за смирување“.

5-tipa-na-ljubovni-parovi-so-koi-se-druzite-4.jpg

Парови кои живеат за драма

Ваквите парови речиси секогаш изведуваат и прават претстава од својата врска. Наместо да уживаат во бакнежите на својот партнер, тие одбираат да се сликаат за на социјалните мрежи.

Секако нели, поважно е што мислат другите за нивната врска, отколку како тие навистина се чувствуваат.

5-tipa-na-ljubovni-parovi-so-koi-se-druzite-5.jpg

Оние кои се обидуваат да ве вклучат во сѐ

Овие двојки се навистина интересни. Тие секогаш одбираат да имаат крај себе сингл-пријател, кој го вклучуваат во многу повеќе настани отколку што тој сака да присуствува.

Иако е навистина благодарно од нивна страна што сакаат да се дружат со своите сингл-пријателчиња, сепак некои работи се само за во пар.

5-tipa-na-ljubovni-parovi-so-koi-se-druzite-6.jpg

Врска која всушност ви се допаѓа

Некои партнери навистина функционираат супер во двојка и нивната позитивна енергија се шири низ целото друштво. Ова се луѓе се толку кул кога се заедно, што едноставно уживаме во нивно друштво без непријатни ситуации.

5-tipa-na-ljubovni-parovi-so-koi-se-druzite-7.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg