Која боја не треба да ја носите на првиот состанок?
Пред првата љубовна средба, мнозинството жени панично стојат пред гардероберот, размислувајќи што да облечат за да ја импресионираат другата страна. Кога се боите во прашање, една е најдобро да ја избегнувате.
Од примарна важност е на првиот романтичен состанок да носите гардероба во која ќе се чувствувате убаво и пријатно.
Тоа ќе го намали стресот, а ќе ја зголеми дозата на самодоверба.
Изгледот треба да биде секси и сладок, но не и да делува премногу обично.
Потребно е и да го истакне најдоброто на вас, ама да не биде ни претерано претенциозен.
А, згора на сѐ, важно е да биде и практичен, бидејќи добар дел од вечерта ќе го поминете во комбинацијата.
Среде сите модни дилеми, размислувањето околу бојата на облеката не е на врвот од приоритетите.
А, би требало да биде, бидејќи токму бојата може да влијае на тоа каков впечаток ќе оставите на личноста спроти вас.
Црвена, црна, пастелни тонови? Слободно може да ги носите.
Меѓутоа, експертите предупредуваат дека една конкретна боја од палетата, не треба да биде вашиот избор за таа пригода.
Станува збор за портокаловата, којашто е прогласена за најлоша боја за првиот состанок.
Според спроведеното истражување на Универзитетот во Вашингтон, 30% од машката и женската популација ја навеле портокаловата како најгрда боја.
По мислење на испитаниците, таа делува „немирно и евтино“.
Чувствата што бојата ги предизвикува кај нив, неретко се пренесуваат и на меѓучовечко ниво.
Оттука, луѓето кои носат портокалова гардероба, делуваат помалку симпатично и доверливо.
Но, не треба да се генерализира, се разбира.
Еден од исклучоците е и модната икона Викторија Бекам, која за првиот состанок со фудбалерот Дејвид Бекам, одбрала токму портокалово мини фустанче.
Двојката е заедно околу 2 децении, во брак се и имаат 4 деца, па важат за едeн од најстабилните славни парови.
Портокалова на прва љубовна средба – да или не?
М. А. | Црнобело