Што се случува кога ќе научите да бидете сами?
Постојат личности што едноставно не знаат, или, пак, не умеат да бидат сингл, а дури и самата помисла за живот без партнер покрај себе, кај нив предизвикува напад на паника.
Никој не вели дека треба да ги избегнувате врските, ниту пак да се плашите од љубовта.
Меѓутоа, неспорно е дека луѓето кои не стравуваат од живот во соло варијанта, односно да поминат некое време исклучиво со себеси, дефинитивно се посреќни од останатите, кои се исполнети единствено кога се во придружба на втора половина. Зошто?
Кога ќе научите да бидете сами, ќе ви се случат следните десет работи:
Ќе имате повеќе време за себе и повеќе енергија.
Не ќе мора да се согласувате на компромиси, само за да би останале во врска.
Вашите идни врски ќе станат многу поквалитетни.
И разговорите ќе ви бидат подобри, бидејќи похрабро ќе ги изнесувате своите ставови.
Ќе ви се зголеми продуктивноста.
Нема да допуштате некој да ве осудува поради изборите зад кои стоите.
Ќе одите на подобри и поквалитетни романтични состаноци во иднина.
Ќе се спознаете себеси и дознаете што точно сакате.
Ќе имате многу повеќе самодоверба.
Ќе сфатите дека слободата не е нешто од кое треба да се плашите.
М. А. | Црнобело