Ситници на кои веќе нема да обрнувате внимание кога ќе се заљубите

Љубовта има посебна моќ која може целосно да го промени човекот од многу различни аспекти.

sitnici-na-koi-vekje-nema-da-obrnuvate-vnimanie-koga-kje-se-zaljubite-01.jpg

Кога луѓето се заљубени, тие речиси ги игнорираат недостатоците кај партнерот, што кај некој друг со сигурност би ги забележале и би им пречеле.

Погледнете кои се тие работи кои почнувате да ги занемарувате кај личноста која ја сакате:

Мали недостатоци

Некои работи и навики кај луѓето што ги сакаме, ги нарекуваме ситни недостатоци, а кај сите останати истите ни одат на нерви. Како на пример, гласно смеење, несмасно јадење, невнимателно слушање итн.

sitnici-na-koi-vekje-nema-da-obrnuvate-vnimanie-koga-kje-se-zaljubite-02.jpg

Влакна и коса

Ако претходно сте биле од оние жени на кои им пречи брадата и не сакаат да се бакнуваат со некој со брада, а сега почнува тоа да не ви пречи кај вашиот партнер, значи дека сте лудо заљубени.

Кај мажите ова важи за влакната од косата со кои девојките оставаат трага насекаде.

Несоодветна облека

Кога сте заљубени во некого, не забележувате дали тој е облечен во домашна облека или широка облека која воопшто не е соодветна или модерна.

Важно е дека се чувствувате пријатно еден пред друг и не мора да се дотерувате за буквално секое гледање.

sitnici-na-koi-vekje-nema-da-obrnuvate-vnimanie-koga-kje-se-zaljubite-03.jpg

Физички изглед

Откако луѓето ќе ја пронајдат љубовта на својот живот, престануваат да бидат опседнати со својот изглед и почнуваат да се чувствуваат поубаво и позадоволно со самите себе.

‘Рчење

Ова е една од работите кои на сите ни одат на нерви и секому би му пречеле, но кога некого сакате, почнувате да се навикнувате на тоа и не го сфаќате толку трагично како порано.

sitnici-na-koi-vekje-nema-da-obrnuvate-vnimanie-koga-kje-se-zaljubite-04.jpg

Секојдневно гледање

Кога сте на почеток на врската, посебно ако не сте навикнати на сериозни врски, можеби и се чувствувате непријатно и „загушено“ ако постојано се гледате со партнерот и ќе имате ситуации кога не знаете веќе што да правите.

Но, кога сте двајцата заљубени и создадени еден за друг, нема ни да забележувате, бидејќи нема да ви претставува проблем постојаното поминување време заедно и секогаш ќе има што да правите. 

sitnici-na-koi-vekje-nema-da-obrnuvate-vnimanie-koga-kje-se-zaljubite-05.jpg

Чудни интереси и навики 

Кога со некој не сте толку блиски, можеби некои чудни навики кој партнерот ги има ќе ви пречат и ќе помислите дека нешто не е во ред со него/неа.

Но, кога се познавате толку добро, веќе нема тајни и правите сè што сакате еден пред друг, без предрасуди и без некому да пречи тоа. 

sitnici-na-koi-vekje-nema-da-obrnuvate-vnimanie-koga-kje-se-zaljubite-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg