7 вистини за прељубата кои луѓето ги откриваат на потешкиот начин
Кога луѓето не се задоволни во врската и чувствуваат емоционална празнина, тие неретко бараат среќа и утеха во туѓата прегратка, надевајќи се дека ќе им биде подобро. Забранетото овошје е секогаш послатко, па на неверството гледаат како на возбудлива опција за бегство од реалноста.
Но, тоа е далеку од вистината. Во прељубата нема ништо (по)добро, што повеќето неверни партнери го сфаќаат дури откако ќе ја извршат.
Меѓутоа, секогаш имате прилика да научите од туѓите грешки, пред воопшто и да ви падне на памет да ги направите самите.
А, ова се седумте вистини за прељубата, кои луѓето честопати ги откриваат на потешкиот начин:
1. Прељубата ретко прераснува во врска
Луѓето најчесто ги изневеруваат партнерите, бидејќи се несреќни со врската во која се наоѓаат, а другата личност им го пружа она што им е потребно во моментот. Но, тоа што се случува помеѓу прељубниците, во повеќето случаи е само страст и фантазија, којашто бледнее низ времето. По извесен период, пак, комплетно ја снемува.
2. Секогаш некој ќе биде повреден
Дури и ако успеете да ја сокриете аферата од партнерот и луѓето во вашиот живот, секогаш барем една личност ќе остане повредена. А, таа личност сте вие. Тајната ќе ве јаде одвнатре, па веќе никогаш нема да имате прилика да бидете среќни, како што сте биле пред да ја извршите прељубата.
3. Неверството не е само сексуално
Врските често се распаѓаат заради многу подлабоки причини од физичката прељуба. Сексот е една работа. Емоциите, пак, претставуваат нешто сосема друго. Кога обете се вклучени во чинот на неверство, тогаш прељубите се многу посериозни од тие што се исклучиво телесни.
4. Тешко е да се постават граници
Мноштво луѓе си мислат дека лесно можат да се носат со фактот што ги привлекува друга личност, како и дека ќе му одолеат на искушението да завршат во туѓиот кревет. Меѓутоа, реалноста говори дека повеќето од нив сепак ја преминуват границата со тек на време. А, кога еднаш ќе почнат да изневеруваат, тие тешко се запираат.
5. Желбата за неверство е важно предупредување
Дури и самата помисла да го изневерите партнерот, претставува очигледен знак дека нешто во врската не е како што треба. На многумина им е тешко да го прифатат тоа, па наместо да раскинат, тие се впуштаат во афера со друга личност, иако многу поздраво (и за двајцата партнери) би било што поскоро да стават крај на таквата врска.
6. Жените не изневеруваат од исти причини како и мажите
Кога се припадничките на понежниот пол во прашање, тие вообичаено го изневеруваат партнерот, надевајќи се дека другиот маж ќе им ја пополни емоционалната празнина што ја чувствуваат. Меѓутоа, тоа најчесто не се случува. Доколку сте жена која не чувствува исполнето и среќно, тогаш поработете на себеси и исполнете ги сопствените потреби. Ниту еден маж нема да ве задоволи, ако вие самите сте незадоволни со себе.
7. Прељубниците не се лоши личности
Неверството може секому да му се случи. И тоа не знак дека некој е лоша личност. Повеќе станува збор за слабост и погрешна одлука, поради што мнозинството партнери подоцна и се покајуваат. Од друга страна, лоши луѓе се тие кои после прељубата, воопшто не чувствуваат вина, или, пак, немаат ни тронка грижа на совест.
М. А. | Црнобело