Спомнете го бившиот, плачете: Сигурни начини да се ослободите од секој маж
Како што постојат карактеристики на мажите, што на жените им одат на нерви, така е и во обратниот случај.
Мажите мразат кога девојките ги споредуваат со нивните бивши дечковци и им „набиваат комплекси“, исто како што се „алергични“ и на нивните солзи и плачење за секоја ситница.
Па, доколку некогаш се најдете во ситуација да сакате да „избегате“ и да се ослободите од некој дечко, постојат неколку работи кои ако ги направите, со сигурност самиот ќе избега од вас.
Дознајте кои се тие работи, а начинот на кој ќе ги искористите е индивидуален.
Некој ќе ги искористи за да се ослободи од здодевен маж, а други пак можеби, ќе се обидат да не ги прават за да го задржат саканиот.
Карактеристики на жените кои на мажите им одат на нерви:
Недостаток на иницијатива
Плачење и солзи
Претераното грижење го гледаат како контрола
Споредување со бившиот
Игнорирање
Неспособност да се прифати комплимент
Жалење и кукање (постојано незадоволство)
Одбивање да јаде
- „Не сакам на диета сум. Јадам само салата..“
Шопинг (заеднички)
Нарушување на приватност
М. М. | Црнобело